Малолетникот кој се обиде да се самоубие го покрена прашањето: Дали пиењето на отровна напивка може да го реши проблемот кај луѓето?

Loading...

Невозвратена љубов, слаб училишен успех, неуспех на работното место…Низа разочарувања кои влијаат во одлуката за живот. Да се посегне по него или не.
 Невозвратена љубов, слаб училишен успех, неуспех на работното место…Низа разочарувања кои влијаат во одлуката за живот. Да се посегне по него или не.
Токму овие причини се јавуваат како најчести кога станува збор за самоубиствата во полошкиот регион. Причините веќе познати, начините различни, но најчесто се посегнува по животот користејќи отрови, средства за чистење.
Статистиката на Секторот за внатрешни работи во Тетово говори дека бројот на регистрирани самоубиства во полошкиот регион е зголемен. За изминативе 8 месеци од оваа година запишани се 15 самоубиства. За цела измината 2012 година, пак, на територијата на ова подрачје биле извршени девет самоубиства.
Најголемиот дел од самоубиствата се извршени од мажи над 25 години, но ни жените не се имуни на разочарувањата.
Голем дел од лицата решиле да посегнат по својот живот со бесење. Помала е бројката на оние кои си пресудиле самите со огнено оружје, а има и два случаи на давање. Евидентирани се и случаи каде поради различно незадоволство, лицата се трујат. Разни апчиња, Варикина, Доместос и други средства за чистење се навидум решенијата за проблемите.
Регистрирани се и 20 обиди за самоубиство кои за среќа не завршиле успешно. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за Курир вели дека најголемиот дел од самоубиствата и обидите за самоубиства се случуваат во гостиварско. За среќа неуспешен бил обидот на жена да се самоубие пиејќи Доместос, како и обидот на малолетник да си го одземе животот пиејќи Варикина, поради автомобил.
Зарем средства за чистење ќе го исчистат проблемот? Или е обид да се дојде до посакуваното.
Курир.мк
 Невозвратена љубов, слаб училишен успех, неуспех на работното место…Низа разочарувања кои влијаат во одлуката за живот. Да се посегне по него или

loading...
Loading...