Го читам одговорот на директорите на кардиологија на соопштението на СДСМ околу наводниот недостаток на антибиотици на оваа клиника. Гледам и дека директорите докажуваат дека соопштението на СДС е лага со тоа што објавиле и слика од сите антибиотици кои ги имаат. Не ме чудат ваквите лаги, навикнат сум, но посебно ме боли кога СДСМ зборува конкретно за клиниката за кардиологија.Од време на време ја посетувам кардиологија. А одам одамна. И секогаш кога ќе влезам на кардиологија ми се јавува еден условен рефлекс да барам едно мало бедно човече со актовка кое продава стентови. Продава право на живот. Во актовка. Тоа бедно мало човече не беше бедно финансиски, напротив, беше многу богато, со голема и убава кола, огромна куќа, скапа гардероба. Ама сепак беше бедно, бедно до коска.
Моралниот капацитет му беше нула. Нула човечност имаше во него. Да, салдо нула. Бедно до крајни граници. Пред 12-тина години, во 2004 година, мој добар пријател имаше инфаркт. Млад човек, татко на две деца. Итно го однесов во болница. Јас лично, бидејки брза помош немаше. Таму не пречека доктор, го прегледа и кажа дека итно треба да се стави стент. Рековме ставајте, спасете го човекот. Тогаш се појави тоа мало бедно човече со актовка. Ни рече, стентот ќе ве чини 1000 евра. Ситуацијата беше таква што парите не беа важни. Важно беше да се спаси човекот. Пари ако треба ќе се позајмат, со тек на време ќе се вратат. Човекот ако ни отиде нема враќање. Сфативме дека е лоповлук, сфативме дека некој дебело наплатува на туѓа мака, ама немавме избор. Рековме во ред, ставајте стент, спасете го човекот, ќе ви платиме. Малото бедно човече тогаш рече: “Не, прво донесете пари, после ќе стават стент”.
Почнавме да врескаме, да се буниме, човекот го губевме, времето беше клучен фактор, тенка линија која го делеше пријателот од животот или смртта. Се буневме, негодувавме, џабе. Малото бедно човече ја повторуваше истата бедна реченица. Прво пари, после стент.
Сфативме дека нема играчка со малото бедно човече, се растрчавме и собравме 1000 евра. Пријателот стенкаше во болка за цело тоа време. На крај, фала му на бога, се извлече, во последен момент, но со сериозни последици по неговото срце. Помина. Но, мене ми остана горчина во душата.
Сеуште ме разоруваат зборовите на тоа мало бедно човече со актовка што продаваше стентови на кардиологија во 2004 година. Денес за среќа го нема. И никому не му бараат 1000 евра за стент.
Да го имаме ова на ум, секогаш кога некој сака да не врати на старо. Веројатно затоа секогаш кога ќе видам изјава, соопштение од СДСМ на тема здравство се присеќам на тоа мало бедно човече што продаваше стентови на кардилогија во 2004 година. И сеуште го презирам. И секогаш ќе го презирам и ќе се присетувам како беше тогаш во 2004-та. Не сакам тоа време да се врати. Никогаш. Ни на душман тоа не му го посакувам. Ниту на малото бедно човече не му посакувам некој да му го процени животот на илјада евра под маса за стент од актовка. Никогаш да не се повтори.
Писмо од читателОд време на време ја посетувам кардиологија. А одам одамна. И секогаш кога ќе влезам на кардиологија ми се јавува еден условен рефлекс да барам едн