Македонија воспостави дипломатски односи со Малта и тоа под уставното име. Оваа островска држава беше единствената членка на Европската Унија, покрај Кипар која и по 25 години од првото признавање на независноста на Македонија немаше воспоставено дипломатски односи.Во одлуката објавена во службен весник се вели дека Република Македонија воспоставува дипломатски односи со Република Малта на ниво на Амбасадори со нерезидентен статус. Чинот е проследен со предлог за именување на нерезидентен амбасадор и упатување македонски дипломат во Ла Валета. Воспоставувањето дипломатски односи е резултат на интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво.
Но, тоа што е поважно е што со размената на ноти меѓу двете министерстава за надворешни работи, официјална Ла Валета одлучи ја признава Македонија под уставното име, со што стана 135 земја во светот што и се обраќа на земјава со Република Македонија.
Дополнителна тежина на признавањето под уставно име дава и фактот што во првата половина од оваа година Малта претседава со Европската Унија
Претходно, на крајот на 2012 година, последната членка на ЕУ која го смени ставот и одлучи да го користи уставното име на земјава беше Унгарија.
Засега Кипар останува единствената членка на Унијата со која Македонија не ги официјализирала односи. Главната причина што Никозија се уште не воспоставила дипломатски односи со земава е одбивањето тоа да го стори под уставното име, пред се поради притисокот од Атина.
Меѓутоа, Сител неофицијално дознава дека во тек се подготовки за првата посета на шефот на кипарската дипломатија на Република Македонија, што директно ќе влијае на односите на двете земји.
Меѓу 135-те земји во светот кои ја признаваат Македонија под уставното се и трите најмоќни и постојани членки на Советот за безбедност-САД, Русија и Kина.Во одлуката објавена во службен весник се вели дека Република Македонија воспоставува дипломатски односи со Република Малта на ниво на Амбасадори с