Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека Специјалното јавно обвинителство наместо да се заканува кон медиумите, мора да одговара на прашањата.-Катица Јанева не смее да заборави во ниту еден момент дека таа зема плата, огромна од 3.000 евра, од пари на граѓаните и должна е да работи отчетно и транспарентно. Јанева треба да им одговара на медиумите и на граѓаните, а не обратно. МАН посочува дека сосема е легитимно јавноста да ја прашува како ги троши државните пари, а Јанева е должна да одговори. Јавноста мора да знае, односно да добие одговор на прашањата: кои се експертите кои Јанева ги ангажирала, во која процедура, колку пари им платила?, стои во нивното соопштение.
МАН цени дека СЈО се претвори во најзатворената и најнетранспарентна институција која на секое прашање реагира со закани.
-Јавноста не дозна зошто беа избркани две обвинителки, јавноста не дозна по кој критериум е вработена ќерката на соработничката на Јанева и голем број роднини на обвинителите од СЈО. МАН укажува дека помина времето кога некои слепо ја следеа максимата “некои прашања не заслужуваат одговор”. Сите овие прашања заслужуваат одговор особено кога за тој одговор добиваат пари од граѓаните, реагираат од МАН.-Катица Јанева не смее да заборави во ниту еден момент дека таа зема плата, огромна од 3.000 евра, од пари на граѓаните и должна е да работи отчетн