Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа на три километри источно од Крива Паланка и датира од XI век. Токму во овие тивки предели околу манастирот во тоа време живеел испосникот св. Јоаким Осоговски.Денес манастирот е отворен за верници, посетители, патници и добронамерници кои доаѓаат на поклонение пред чудотворните мошти на св. Јоаким, кои се чуваат во манастирот. Во него се наоѓаат две цркви, Рождество на Пресвета Богородица и Св. Јоаким, како и неколку конаци кои нудат услови за престој на гости. Во рамките на манастирот се наоѓа и ресторан со широка понуда на автентични јадења, а природата околу манастирот нуди неповторливи услови за прошетка.
Манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се особено горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови и редовно бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патописци. Најстариот објект во манастирскиот комплекс е малата црква на Рождество на Пресвета Богородица, градена во XIV или XVI век, врз темели на црква од XI и XII век. Градбата ја карактеризира византиски стил и претставува една од првите средновековни цркви на тлото на Македонија.
Во 1847 година започнува изградбата на големата соборна црква посветена на Св. Јоаким Осоговски, завршена и осветена во 1851 година. Изградбата му била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов, најпрочуениот градител на Балканот од почетокот на XIX век. По својата архитектонска диспозиција, црквата претставува монументална трикорабна базилика, со два реда по три столба, кои целиот простор го делат на дванаесет травеи, над кои се изведени куполи. Внатрешноста и тремовите на црквата се живописани од вештите раце на македонските зографи.
Најзначајниот дел од фрескоживописот се наоѓа на западниот ѕид од црквата, дело на Димитриј Андонов Папрадишки. Една од најкарактеристичните фрески е композицијата „Евангелската проповед на апостол Павле”, во која раката на уметникот внела и профани елементи. Имено, на оваа извонредна фреска народната носија од Кривопаланечко зрачи со сета своја убавина и рустичност.
Денес манастирот е отворен за верници, посетители, патници и добронамерници кои доаѓаат на поклонение пред чудотворните мошти на св. Јоаким, кои се