Англиските медиуми пренесуваат бомбастична вест, наводно Кристиано Роналдо е подготвен и расположен да се врати во англиската Премиер Лига, поточно во екипата на Манчстер Јунајтед.Португалскиот интернационалец одби да го продолжи договорот со екипата на Реал Мадрид, а со самото тоа речиси му даде дознаење на претседателот на клубот, Флорентино Перез дека е расположен да се врати во екипата на Манчестер Јунајтед.
Неофицијалните информации говорат дека токму „Шевролет“ ќе го финансира евентуалниот негов договор со екипата на Манчестер Јунајтед.
„Дејли Стар“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да одвои неверојатни 80 милиони фунти за ангажман на Кристиано Роналдо, а тоа е истата цифра која Реал Мадрид ја даде на англискиот премиерлигаш во 2009-тата година.
Истиот извор пренесува дека „Шевролет“ би ја финансирал платата на Роналдо во Манчестер Јунајтед.Португалскиот интернационалец одби да го продолжи договорот со екипата на Реал Мадрид, а со самото тоа речиси му даде