Најавите на Зоран Заев и претходно на Фрчковски дека ќе го распуштат судството и ќе вршат реизбор немаат никаква уставна и законска основа, нагласува поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Тој вели дека Заев најавува дека покрај судството ќе го руши и правосудството, што претставува класично кршење на законите.– Сите реформи во судството се правени по препорака на Европската комисија. ЕУ бараше судиите да бидат избрани без ограничување на мандатот, како и да се формира Академијата за судии. Јасно е дека за реизбор на судии нема никаква законска и уставна можност – објаснува Маневски за Телеграф.мк.
Заев вчера најави распуштање и реизбор на судии, потег кој политичка партија не би смеела да го најавува доколку пропагира независност на судството.
– Паралелно веднаш ќе мораме да ги отвориме процесите за независноста во судството. Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање – распуштање на судството и негов реизбор – изјави Заев за „Радио слободна Европа“.
Поранешниот министер нагласува дека за промена на речиси сите закони поврзани со судството е потребно двотретинско мнозинство во Собранието и Заев тешко ќе може да ги реализира. Според него, потребно е да се слушне и ставот на Европската Унија за најавите на Заев бидејќи тој човек претендира да биде на чело на владата.– Ако ЕУ не реагира, тоа ќе значи дека ги руши реформите што инсистираше да бидат спроведени. Очигледно е дека Заев сето ова го прави смислено за да ги заплаши судиите – дециден е Маневски.– Сите реформи во судството се правени по препорака на Европската комисија. ЕУ бараше судиите да бидат избрани без ограничување на манда