Ова ли е враќање на животот на самонаречената реформска Влада?Праските од Росоман се истураат на патиштата и скапуваат на нивите. Владата удри по грбот на земјоделците и од нивната пот ќе се богатат преработувачите и “корнишон” фирмите од Струмица со откуп на домати, краставици, праски, пиперки, зелка и други земјоделски производи по багателни цени, незапаметени досега. Ниту минаната година кога имаше рекордно производство, ниту предходните години, никогаш не бил доведен во прашање пласманот на праските, доматите, лубениците, пиперките, краставиците, зелката и на други земјоделски производи. Земјоделците испечени од жешкото сонце да го произведат и соберат родот, ја собираат сопствената мака и работат за џабе, за други интереси. Во очај ги блокираат патиштата, но нема кој да ги слушне и да им помогне.
Се удри по грбот на работниците на автопатиштата. Над 1500 работници остануваат на цедило без работа и без заработка за своите семејства. Наместо да работат, работниците протестираат на патиштата кои треба да ги градат. На овие ”реформатори” и на Зоран Заев се нешто им смета, а највише им смета неспособноста да ги решаваат работите. Поради таа неспособност, полесно е да ги усложнуваат работите и да се изигруваат ревизори, а до тогаш, господ да им е на помош на работниците.
Се удри на здравството. Сосема неосновано се поништи тендер спроведен согласно законот, со кој се проширува листата на лекови на позитивната листа и се настојувало да се олесни состојбата на корисниците на здравстевените услиги. Цената ќе ја платат граѓаните.
Се удри по елекроростопанството. Се запира распишан тендер од ЕЛЕМ за набавка на машини за копање на јаглен за потребата на електраните. Неосновано се запира долгорочен програмиран процес со несогледиви последи. Се создава терен за монорпол на увоз на струја и со тоа ќе бидат задоволени интересите привантите компании кои вршат увоз на елекрична енергија. Тоа се познати состојби, вештачки да се создадее криза заради остварување на монополски профит.
Се укина екстерното теститарање, како популистичка, а не како образовна и едукативна мерка. Ќе се вратат состојбите кога сите ученици од класот имаа петки и сите беа одлични, а само две деца имале по една четворка! И натаму ке се продуцираат само дипломи, а не знаење?
Се укинаа дисперзираните студии. На овој начин се казнија многу ученици и нивните родители кои неможат да ги поднест трошоците на студирање во Скопје или други универзитетски центри.
Владата ги укина рекламите на CNN и други реклами со кои се промовираше Република Македонија како престижна бизнис дестинација и се отваараа патиштата за странски инвестиции и развој на туризмот. Жалосно е тоа што “реформската” Влада со гордост изјавува дека “заштедиле” 10 милиони евра!? Со таков провинциски менталитет нека се запрашаат колку изгубиле и уште колку ќе изгубат?
СДС освен да рушат, очигледно немаат карапцитет да создаваат нешто ново. Продолжуваат од таму каде што застанаа пред десетина години, одкако уништија илјадници фирми и на улица оставија над 250 илјади работници. Така како што почнаа, не ветуваат ништо подобро. Со поништување, укинување, ревизии, забрани и одграничувања не се постигнува ништо, а се нанесува само штета. Неспособни да креираат нови решенија и реализација на проекти, прибегнуваат кон најлошото, кон уништиување и укинување на досегашните проекти кои се потврдија во практиката и набргу ќе се создаде состојбата од деведесетите години.
Не се откажуваат, како го нарекуваат само од ”кичот” во Владата. Се сместија во удобни фотељи во кабинетите, во салата за седници на Владата, салите за седници на комисиите и работните тела “кичерајски” опремени со најсовремената техника што ги направи предходната Влада. Да беа доследни, ќе си донесеа дрвени столчиња или ќе седенеа на гајби како пред селска кооперација. Ама не се, кога се работи за нив, бидејки удобноста им годи како стратна позиција за натамошно уништување на тоа што се создадено со макотрпна работа.Праските од Росоман се истураат на патиштата и скапуваат на нивите. Владата удри по грбот на земјоделците и од нивната пот ќе се богатат