Значи подолг период обвинителството и правосудството се во фокусот на вниманието, заради определени цели кои што треба да ги постигне СДСМ. После донесувањето на стратегијата од судските форми од 2007 до 2011 година, буквално се донесени сите реформски закони од областа на судството, кажа поранешниот министер за правда, Михајло Маневски во гостувањето во Поенти на ТВ Нова.-Долго време се води една хајка против правосудството, со барање на генерален реизбор на судиите, а со многу интензивно и со барање оставка од јавниот обвинител, Марко Зврлевски, од страна на Владата на Република Македонија. Значи подолг период обвинителството и правосудството се во фокусот на вниманието, заради определени цели кои што треба да ги постигне СДСМ. После донесувањето на стратегијата од судските форми од 2007 до 2011 година, буквално се донесени сите реформски закони од областа на судството, изјави Маневски.
Тој кажа дека се и донесени закони по препорака на ЕУ, кои биле дел од бенчмарковите за исполнување на критериумите за влез во ЕУ
-Донесен е комплетно нов закон за јавно обвинителство и за совет на јавни обвинители, тие беа по препорака на ЕУ и тие беа дел од стратегијата и од бенчмарковите за исполнување на критериумите за влегување на Република Македонија во ЕУ, изјави Маневски.
Маневски кажа дека многу долго време се работело на законот, користеле од помош од странски, имале поддршка и од највисоките тела на Советот на Европа, констатирани биле и многу експерти, токму за правење на овој закон. Маневски кажа и дека кога биле готови законите биле доставени до Венецијанската комисија на мислење, каде добиле исклучителна поддршка од таа комисија.
-Еден предлог за разрешување, треба да има утврдени факти, докази дали јавниот обвинител ја извршувал функцијата совесно стручно итн. За разрешување на јавниот обвинител нестручно и недоволно совесно, за тој збор недоволно кој што го вметнавме, заради тоа да не секој може да оценува дали стручно или нестручно, изјави Маневски.
Маневски кажа дека приодот за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски, не знае дали се приоѓа од општествени од тактички или пак од лични причини.
-Да го споменам само случајот „Пуч“ кој што година дена го држеше СЈО и кој што заврши така како што заврши, со откажување од казнено гонење, дали таа судбина ќе ја има и случајот „Поткуп“, кој што повеќе од една година има правосилен обвинителен акт и кој што 11 пати се одложува, а нема законска основа за одложување. Дали очекува сега да се ослободи и од тоа казнено гонење, изјави Маневски.
-Долго време се води една хајка против правосудството, со барање на генерален реизбор на судиите, а со многу интензивно и со барање оставка од јавн