Маневски: Судијката Спироска ја злоупотребила функцијата

Судијата Гордана Спироска, како Претседател на Советот на Основниот суд Скопје 1, кој одлучувал по жалбата на СЈО против решенито на судијата за предходна постапка КПП бр.144/17 од 02.03.2017 година, со кое бил одбиен предлогот за определување на притвор на осумничениот Сеад Кочан, постапила противзаконито, пристрасно и необјективно и спротивно на овластувањата од Законот за кривичната постапка, вели поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.-Јавната обвинителка Катица Јанева во телевизиска изјава вчера (10 – ти март) потврди дека, цитирам: “бевме известени од судијката дека денес ќе ни биде доставено решението кое го немавме добиено кога тргнавме во судот“. Од ова изјава, неспорно е дека судијката Гордана Спироска телефонски ја известила јавната обвинителка Катица Јанева за определениот притвор на осомничениот Сеад Кочан, вели Маневски.
Маневски додава дека се поставува прашање врз основа на која одредба од Законот за кривичната постапка судијата Гордана Спироска и телефонски ја известила обвинителката Катица Јанева за донесеното решение за определување на притвор на осумничениот Сеад Кочан?
-Зошто за донесеното решение телефонски не го известила бранителот на осумничениот адвокатот Никола Додевски, кој за донесеното решение разбрал од средства за јавно информирање. Зошто за донесеното решение телефонски не го известила осомничениот Сеад Кочан? Како за донесеното решение најпрвин “дознава” ТВ Телма, пред решението да се достави до осомничениот Сеад Кочан и неговиот бранител и пред решението јавно да се објави?, вели Маневски.
Тој додава дека Законот за кривичната постапка содржи посебни одредби за донесување и сопштување на одлуките и начинот на достава на одлуките. Во членот 127 се уредува начинот на доставување на одлуките, а во членот 130 се уредува прашањето за личната достава на обвинетиот и неговиот бранител на одлуките на судот од чие доставување тече рокот за жалба. Сите овие одредби, смета Маневски се прекршени.
-Судијата Гордана Спироска грубо го прекршила одредбите од Законот за кривичната постапка и постапила крајно непрофесионално, пристрасно и необјективно. Ги прекршила елементарните норми од Етичкиот кодекс на судиите. Со оглед на бројни околности за нејзината необјективност и пристрасност, согасно членот 33 став 2 од Законот за кривичната постапка била должна да се изземе. Се надевам дека Советот за утврдување на факти, кој постапува и по допрен глас, ќе се позанимава со противзаконитото однесување на судијата Гордана Спироска, вели Маневски.-Јавната обвинителка Катица Јанева во телевизиска изјава вчера (10 – ти март) потврди дека, цитирам: “бевме известени од судијката дека

Пронајдете не на следниве мрежи: