Најавата на Заев за целосен реизбор во судството, поранешниот министер за правда Михајло Маневски, во интервју за телевизија Алфа кажа дека го разбира како рушење на се она што досега е создадено и дека оној кој што тоа го најавил со еден негаторски однос кон се досега што е сторено ги покажува сопствените слабости и сопствените неспособности.-Мислам дека се тоа оди во една линија на рушење на она што досега е создадано и некој мисли дека светот почнува со него, дека тој со еден негаторски однос кон се досега што е сторено ги покажува сопствените слабости и сопствените неспособности. Целиот систем и правосудниот и стопанскиот еволуираат, напредуваат, тоа што досега е сторено никој не може да го стави во папка да го поклопи и да каже, извините ние сеќа ќе почнеме од буквата А. Тоа е израз на една би рекол неспособност на еден човек кој што сака да манипулира и кој што сака одредени состојби да ги држи под контрола во функција на неговите политички интереси, а зошто не и лични интереси. Затоа што личните интереси преовладуваат во случајот да се заврши случајот Пуч, така како што се заврши после 10-11 одложувања. Беше очигледно дека Катица Јанева ќе го полече тоа обвинение, мислам дека таа судбина се очекува и за наредниот случај поткуп, за кој што мислам дека во текот на утрешниот ден е закажано судењето и да се надеваме дека ќе се одржи после 11 одлужувања, поради причини кои што немаа законска основа, изјави Маневски.
Тој вели дека Заев се залага за самостојно и независно судство, меѓутоа тоа да се однесува за други, а не и за него.
-Заради состаноци со некои чиновници од амбасада или чиновници од ОБСЕ, или не знам што. Во таков случај за него никогаш нема да има пресуда, па на крајот на краиштата зошто обичниот граѓанин да не биде така третиран, туку така е третиран Зоран Заев, кој што се залага да има самостојно и независно судство, меѓутоа тоа да се однесува за други, а не и за него. Недозволиво е 11 пати, повеќе од една година да ти одложуваат судење заради овие причини, кои немаат основа во законот. Од тие причини мислам дека сите овие мерки што се преземаат во рамките на судскиот систем, од закана до обвинителите, до закана за разрешување на Советот на јавни обвинители, со закана за реизборот на судиите, практично говори за една политика, која што не е во функција на унапредување на определени правни односи во системот, туку е во функција на рушење на системот, без основа за тоа, вели Маневски.-Мислам дека се тоа оди во една линија на рушење на она што досега е создадано и некој мисли дека светот почнува со него, дека тој со еден негаторс