Тргнувајќи од историските принципи на ВМРО и неговата борба за суверена и самостојна Македонска држава, Крушевскиот Манифест, АСНОМ и Уставот на Република Македонија, Ние, возобновувачите на историското ВМРО и Основачите на ВМРО-ДПМНЕ, го прокламираме следниотМАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА
1.Исправени пред историскиот предизвик за опстанок на татковината, повикуваме на единство меѓу политичките партии во Република Македонија и бараме заштита на унитарноста на државата.
2.Ги повикуваме сите патриоти во Република Македонија и македонската дијаспора, независно од етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност на семакедонско помирување и обединување за одбрана на унитарноста на државата, името и идентитетот на нацијата, од сите бараме почитување на Уставот и законите!
3.Укажуваме на важноста од почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи и употребата на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Република Македонија!
4.Остро го осудуваме велепредавството на Заев и врхушката на СДСМ и бараме под итно од Јавното Обвинителство да ги процесуира доказите за велепредавство кон Република Македонија. Доколку Јавното Обвинителство не ја врши својата работа, ќе бидат соучесници во велепредавството на Заев и народот ќе ја земе правдата во свои раце.
5.Со огорченост ги отфрламе ултимативните барања за бинационално редефинирање на државата во пресрет на формирањето на Влада после вонредните парламентарни избори и мешање на Тирана ÂÂÂ во внатрешните работи на Република Македонија.
6.Бараме попис на населението во согласност со европските стандарди и воведување на електронски попис во државата!
7.Ги отфрламе заканите за формирање паралелни институции на власта во Република Македонија. Сметаме дека малцинските етнички заедници ги имаат највисоките стандарди на малцински права и слободи во Европа и светот.
8.Бараме доследна примена на Законот за знамињата на целата територија на Република Македонија!
9.Бараме задолжително изучување на македонскиот јазик за сите деца од прво одделение во основното образование!
10.Иницираме ревизија на сите издадени државјанства од 17-ти ноември 1991 година!
11.Бараме ревизија на територијалната организација на локалната смоуправа во согласност со Законот за општините од 1996 година!
12.Бараме безбедносна проверка и санкционирање на носителите на јавни функции и вработените во јавната и државната администрација кои работат против националните и државните интереси на Република Македонија!
13.Се залагаме за пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но, само со почитување на европските вредности и сувереното право на државата да си ги определи своите симболи, како името, знамето, грбот, јазикот и националниот идентитет!
14.Нашата изворна поддршка во целост ја даваме на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство бидејќи во континуитет дејствува во насока на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија и го промовира македонското национално единство како темел на државата!
15.Укажуваме дека нашите црвени линии се дефинирани. Бараме крај на отстапките! На крај сме со трпението! Немаме што повеќе да изгубиме, бидејќи немаме резервна татковина. Подготвени сме со живот да го браниме огништето. Ќе започнеме да делуваме според сопствените убедувања!
Основачи на ВМРО-ДПМНЕ
Извор: Македонска нацијаМАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА
1.Исправени пред историскиот предизвик за опстанок на татковината, повикуваме на единство меѓу полити