Владица Рајковќ (28) е уапсен откако призна дека вчера навечер во селото Вратарница, кај Заечар, ја грабнал, силувал и свирепо ја убил тригодишната А.С од ова село. Но за жал призна и нешто друго…Како што неофицијално дознава „RTS“ тој признал дека пред дваесеттина дена убил и четириесетгодишна жена од истото село, чие исчезнување исто така и било пријавено на полицијата.
Тој несреќното девојче го грабнал од роденден во селото на кое и двајцата присуствувале, а потоа ја силувал и убил.
Мајката околу 21.30 часот забележала дека го нема девојчето и пријавила во полиција. Луѓето кои биле на роденден и рекле на полицијата дека се сомневаат во Владица Рајковиќ бидејќи и тој во исто време исчезнал од роденденот.
За еден час полицијата го привела на испитување каде тој признал дека ја силувал и ја убил, а потоа им кажал каде се наоѓа нејзиното тело.
Полицијата го нашла распарченото тело на девојчето на околу 600 метри од куќата во која биле на прослава.
На враќање вујкото на девојчето го сретнал Владица и го прашал каде му е внуката, на што осомничениот му одговорил: „Не знам, ја оставив на автобуска станица“.
Собраните селани за малку не го линчуваа осомничениот кого полицијата го извлече и го засолни од разјарената маса.Како што неофицијално дознава „RTS“ тој признал дека пред дваесеттина дена убил и четириесетгодишна жена од истото село, чие исчезнувањ