„Растот на македонската петгодишна обврзница во однос на германската обврзница е на ниво од 520 bps и е највисок во историјата.“ – пренесе seebiz.euИстиот портал пренесе дека македонскиот пример е дека една држава и покрај солидните макроекономски показатели, сепак претставува висок ризик. Минатата година, македонскиот БДП порасна за 3%, а се очекува сличен раст и оваа година. Јавниот долг е релативно низок и се наоѓа на ниво од 40% од БДП, додека фискалниот дефицит оваа година треба да биде на ниво помеѓу 3-4 отсто.
Порталот за кој важи за близок на Сорос, понатаму наведе дека премијата на ризик првенствено е одредена од „кревката политичка структура“ која сериозно може да ја наруши економската состојба на земјата.
Од друга страна, анализата на energypress.net ги прикажува реално работите, без било какви странски влијанија и платени натписи.
„И покрај одличните макроекономски показатели, во Македонија сѐ уште преовладуваат микроекономски потешкотии. Имено, државата како фискален пријател на стрнските и клучни инвестиции, сѐ уште ја спроведува истата политика со фискален притисок на малите и средните бизниси.“ – пренесува energypress.net
Се наведуваат истите податоци, но на овие меѓународни показатели беше изоставено да се напомене дека влијаат и портестите, контрапротестите и мешањата на странските амбасади во внатрешната политика на Македонија.
„Токму затоа, треба да заклучиме дека на некого во таа земја и соседството не им одговараат добрите макроекономски показатели и на овој начин сакаат да влијаат врз нив“.Истиот портал пренесе дека македонскиот пример е дека една држава и покрај солидните макроекономски показатели, сепак претставува висок ризик. Мина