Манса Муса: Најбогатиот човек во историјата на светот бил цар на земја за која не сте ни знаеле дека постои!

Манса Муса, владетелот на царството Малија, бил толку богат што Арапите во Каиро, Мека и Медина биле шокирани и воодушевени кога дошол на аџилак. Златото го делел на сите страни и тоа во толкава мера, што ја соборил вредноста на овој метал. Верувале или не, пазарот не се опоравил цели 12 години по овој негов подвиг!Вообичаените предрасуди за Африка отприлика одат вака: пред доаѓањето на Европјаните, посебно во 19 век, црнците живееле во примитивни заедници и племиња, не го познавале концептот на државата и општеството, не знаеле дека земјата им е природно богата сѐ додека не дошле белците да им го кажат тоа, биле неписмени, необразовани, сиромашни, и на секој начин инфериорни во однос на новите господари кои доаѓале од Стариот континент.
Интересно е тоа што ништо од ова не е вистина, а главниот лик на денешната приказна е најдобар доказ за тоа. Тој и неговата земја со која владеел.
Муса, познат и како Канкан Муса, бил „манса“, односно цар на западноафриканското Малиско Царство од 1307 година, па сѐ до својата смрт која се одиграла помеѓу 1332 и 1337 година. Муса владеел со огромна територија која била заменета од Ганското Царство.
Многу векови пред него, цели царства и кралства го земале златото од оваа територија, а локациите од рудниците ги чувале во тајност. Никако не им било јасно на другите откај им на Ганците толкаво количество на злато.

Меѓутоа, кон крајот на 12 век, се појавуваат новооткриени рудници во Буре и доаѓа до создавање на нови транс-сахарски рути кои ги заобиколуваат Ганците. Народот Сонинка ги освојува Ганците и Малинките, кои подоцна ќе успеат да се ослободат со помошта на водачот Сундијат Кеито и се основа муслиманското царство Малија. И покрај исламскиот карактер на државата, тие не сакале произведувачите на златото да преминат во ислам, бидејќи вадењето на оваа руда и неговата продукција зависеле од верувањата и магиската пракса, кои му се спротивставувале на исламот.
Доста од златото се претворило во европски дукати: африканското злато било толку светски познато, што една шпанска мапа од 1375 година го прикажува царот на Малија како држи огормна златна грутка.
Полека доаѓаме до сржта на приказната.
Манса Муса во 17-та година од своето владеење, тргнал на аџилак во Мека, кој останал забележан од страна на многу арапски летописци. Каиро и Мека ја примиле царската процесија која била толку „блескава“, што жителите говореле дека „и африканското сонце се посрамило“.
Муса го следеле 60.000 луѓе, неговата лична свита од 12.000 робови кои биле облечени во брокат и персиска свила, од кои секој носел по два килограми злато и барјактари со златни копја. Самиот цар јавал коњ зад процесијата од 500 робови кои биле облечени во златно руно. Покрај тоа, тој со себе водел и 80 камили кои биле натоварени со 136 килограми злато.

Неговата великодушност и побожност оставиле неверојатен впечаток врз Арапите. Тој го делел своето злато на сиромашните, па дури и го менувал за сувенири; секој петок тој давал пари за изградба на нова џамија.
Арапскиот историчар ал-Умари, кој го посетил Каиро 12 години по Муса, открил дека милионското население од оваа средновековна метропола и понатаму пее песни за Муса поради неговата дарежливост и широка рака. Таа рака била толку широка, што Муса и неговата свита го преплавиле пазарот на злато во Каиро, Мека и Медина.
Кога видел дека пазарот тешко се опоравува по неговата постапка, тој му позајмил злато на Каиро со висока камата. Ова е прв и единствен случај за тоа еден човек да ја контролира цената на златото на Медитеранот.
Аџилаците на западноафриканските владетели се случувале пред и после Муса, но ниедно не оставило траен впечаток. Така останала приказната за царот Муса, најбогатиот човек на сите времиња, за кого и ден денес се верува дека „бил тежок“ 400 милијарди американски долари.
Погледнете го видето:
Вообичаените предрасуди за Африка отприлика одат вака: пред доаѓањето на Европјаните, посебно во 19 век, црнците живееле во примитивни заедници и п

Пронајдете не на следниве мрежи: