Кога си размислувам од каде да почнам, логично е да се присетам на тоа како стигнавме до овде. Меморијата се полни, истовремено е безполезна, бидејќи „кој прв почна и со што почна“ падна во вода и се удави. Кобајаги бомбите беа бомбастични за сега да станат тотално депласирани и девалвирани во контекстот на четвртиот чин на драмата, или Тиранската платформа.Она што сега ме загрижува и ме ужаснува е Македонската Академија на Науките и Уметностите. Кои беа тие? Каде беа? Чии беа и каде се сега? Ги видел некој? Како бе така?Меѓу останатото, но пред сѐ, се прашувам дали мислењето на Ќулавкова дека Македонскиот јазик е мртов јазик е нејзин став, фејк њуз или официјален став на Академијата?Прашањето го поставувам од една проста причина. Во Македонија ем нема место за две Катици, ем нема место за две Катици под еден ист чадор, реално. Што е многу доста е.
Второто прашање ми е колку време ќе и треба на МАНУ за да се преведе нејзината севкупна архива од еден мртов јазик, на албански? И дали веќе преводот не е случајно или намерно завршен господа академици?Третото прашање, дали нашите препочитувани, сотрени од почитување академици, своите дела ги пишуваат на мртов јазик?Четврто прашање, дали нашите почитувани академици, молчат на македонски или на албански јазик?Со неколку чесни исклучоци меѓу нив, неколку колена на Македонците ќе се срамат од МАНУ. А ако тие си играат со жртвите од нашето минато, минатото ќе си поигра со нив.
И да е фејк њуз, сѐ ми се чини дека госпожата ќе го изјави ова кај и да е. Можеби веќе го изјавува додека пишувам. Да се прогласи било кој јазик мртов, не е само хејт спич, копрофагија и глупост, туку тоа е некрофилија.Ако е фејк, скоро ќе биде њуз, а ако е њуз, неважно е дали е фејк, зошто и фејкот и њузот се движат по работ на карпата, не знаејќи кој попрво ќе рипне во бездната за да рикне од заседа. Така што ништо не е доволно фејк за да биде њуз, нити њузот е доволно њуз за да биде фејк.
Штом Вмро ја измисли Платформата за да остане на власт, јас може да ви кажам дека Ќулавкова кај и да е ќе потврди или потрети дека Македонскиот јазик е мртов, а можеби и сите ние. Бидејќи, на почетокот беше зборот драга академичке на науки. А на мојот почеток беше МАКЕДОНСКИОТ ЗБОР. Дај Боже вашиот збор на почетокот да бил на јазикот на Недојдија, за да не мора да се срамиме од вас, ние како интелектуалци, земјоделци, професори, уметници, правници, реалисти, идеалисти, демократи, но сите под едно исто небо наречено Македонија. Толку ли се исфрустрираа нашите академици, та поради стереотипите од минатото создадоа идеален во нивната папратска имагинација обид, минатото да и се одмазди на иднината на Македонија, од која што цицаа, од земјата каде почиваат коските на умрените за Неа и газат децата на утрешнината?Староста да и се сити на младоста, а младоста на мудроста? Дали сѐ уште, секое утро кога ќе се погледнете во огледало, не се среќавате со непобитната вистина дека вие сте небитни веќе во ова општество во кое народот се воздигна, во еден миг и во еден здив, а вие не сте ниту разбудени, ниту измиени од лицемерието кое во моментов го венчавате со неморалот, а си мислите дека го изневерувате вашиот новопечен партнер со Духот на времето??
Дали е можно сѐ уште да не поверувате дека овој народ што излезе на улица, споделува една идеја? Не можам да поверувам дека не знаете. Но верувам дека одбивате да го соџвакате сознанието, а за варење па ич муабет да не праиме. Не дошло време. На академиците во моментов им се блуе над Македонија. Исто како и на многу интелектуалци кои ги хранеше, ги растеше и ги праќаше во дипломатија оваа Македонија. Но Македонија ги измисли па така Таа ќе ги шутне назад од кај што дошле. Најблаго речено.Народот сега е еден голем оган. А само пламенот кога се споделува не се троши. Никогаш, никаде ни во вечни времиња не се случило пламенот да се потроши кога се споделува. Амин.Овој народ што е сега на улицата е новата свест, која ќе претчувствува и селектира секаква грешка сега и во иднина, но минатите грешки нема да ги заборави никогаш. Зошто се чувствува изневерен од многумина. На сите што и свртија грб на сопствената држава, на сите кои си поиграа со мечот в грб, нека знаат дека сега мечот има две оштрици. Само си мислат дека добро ја зачинуваат манџата и дека кучињата си лаат, а караванот си врвЕ. Наместо мудрост, препочитуваните академици секојдневно стануваат брашно на насилието. Да убиеш јазик па и да си на најтешки супстанци е сулудо. Овој пат нема да биде потребно време за да испари супстанцата. Народот е снабден со одбранбен механизам, со чија помош ја чува Македонија.
Се работеше за една мистерија со големо „М“, од која се роди нова креација – енергијата на индивидуалецот претворена во едно цело. За да настане колективна свеста, мора секој поединечно да ја поседува пред сѐ. И како што до сега лагите и измамите на предавниците се ширеа и се шират во вид на пандемија, за среќа будењето на свеста кај граѓаните се шири со уште поголем интензитет преполн духовен имунитет, појак од сѐ. Се раѓа детето во сите нас. А детето секогаш знае што сака. Знае да каже: Сакам сладолед, без двоумење. Така сега и свеста на секој Македонец, и на сите етнитети во Македонија, поединечно знаат да кажат што сакаат, а велат заедно: Сакаме заедничка и слободна Македонија. Не сакаме војна. Ја сакаме вистината. И нема да ви помине остатокот од вашата приказна.
Народот на улиците е мудрост на една личност собрана во многу. Тоа е капацитет, инстинкт за опстанок, кој ќе ги понесе сите други во потенцијалот, во правецот кој никогаш никого не не одвел. Оваа иницијатива на господата Борис Дамовски и Богдан Илиевски е практична интеграција за опстанок. Она што е сега најважно е што ние имаме однос прво кон самите себе си, а како такви не соединува една идеја, заедничка идеја, позитивна идеја за нови правци и нови видици, за пошироки хоризонти и долгорочни цели.
И оној кој ќе се обиде да се спротивстави на отелотворувањето на свеста кај граѓаните, на она што сега решил народот сам да го среди, на неговата самодоверба, на иницијаторот на оваа ретка појава барем кај нас, нема да помине добро. И тоа, сметам дека ова сѐ уште е енергија на загревање, истражување, копање по себеси, по вертикалата и дека допрва почнува јакиот аларм. Ова се „бебешките стапки“, првите стапки на детето во нас, на тврдокорното спознание за тоа што е она што вистински го посакуваме. Мирот и слободна Македонија! Слободна на милион начини. Не на еден. Употребете ја вашата најбујна фантазија, ќе видите, сами ќе ископате по вас кои се тие милион видови на слободна Македонија, подобро кажано ослободена засекогаш. Ова е динамиката со која ќе влеземе во новата парадигма. Граѓаните на Македонија секоја вечер покажуваат дека не со две, ами со 4 нозе стојат цврсто на земја (како што беше кажал некој мудрец за суштината на опстанокот), а при тоа го слушаат срцето. Само срцето и никој друг. Македонскиот народ доби покана од Бога лично за сам, тој, граѓанинот да застане на браникот на својата држава, внатрешно реинтегриран и подготвен да го посее семето на сопствениот опстанок отпочеток и да се запраша „Кои сме всушност ние?“ „Која е вистината?“ и „Каде одиме?“ И одеднаш силно светна ден! И тој, граѓанинот, Македонскиот народ, ја откри неговата внатрешна природа и потребата од опстанок и заради непоколебливоста, Тој, народот секојдневно зрачи магнет со кој ги придобива останатите да се приклучат секој со своето разгорено пламенче во она што значи Македонски оган. Ако вие споделувате мирна и чиста енергија без трошка паника во вас, вие магнетски ги привлекувате другите со иста таква енергија да ви возвратат и да ви се приближат, приклучат.Паралелно кај некои се раѓа и магнетска одбивност кон колективниот оган, но од тоа сознание само ќе се надградиме и ќе ги спознаеме оние на кои им треба време да се доразбудат. Има многумина кои призаспиваат на снузинг. Но, верувам силно дека многумина од нив за кратко време ќе го исклучат снузингот и ќе ги облечат новите чевли на револуцијата. Ете никако да ги стрефи среЧа МАНУ да му се придружат на народот. Зошто? Па се срамат од народот нормално, а наскоро и ќе се плашат. На крај сѐ се сведува на она со македонецот на Македонецот му е најголем македонец. Стојам цврсто на нозе со високо исправена кичма да го цитирам мојот род. Не се наведнав со кичмата во невремињата кои дуваат немилосрдно и не се сокрив некаде во лавиринтите на Европа. Стојам со високо крената глава, без дамка, како најверно куче пред портите на мојата Татковина, заедно со многу браќа и сестри, моја инспирација и јас нивна. Зошто тие се јас, а јас сум тие. Секој на свој начин вљубени во една реалност- Македонија.И да, за крај да им порачам уште пар зборови на драгиве академици, препочитувани, најпочитувани, вие со вашата недоветност и молк и објави за мртви јазици си пукавте во колено и сте кристално јасно соучесници во овој Тираносаурус. Во оваа објава на војна. Вашата неподнослива леснотија на постоењето е само едно големо ДА за Тираносаурусот, генетската грешка на Комуносаурусот. Да се давало сѐ и секому, кај ќе стигне комуносаурусот дава. Дава бе брате и тоа дава радо. И наплаќа за услугите слично како пијана спонзоруша на шанк во Скопје, мечтаејќи за шанк на Јонско море. Ќе и остане само пуста мечта и трагите од лошата шминка во доцните часови. А Народот, што веќе повеќе од месец дена се случува на улиците на Македонија си гази на својата платформа, од која никогаш нема да се откаже. Тоа е платформата наречена од прастаро- Македонија.
Д-р Мери ГеоргиевскаОна што сега ме загрижува и ме ужаснува е Македонската Академија на Науките и Уметностите. Кои беа тие? Каде беа? Чии беа и каде се