Останува помалку од еден месец до потпишувањето на договорот со Бугарија, кој Заев во Софија го најави со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а македонскиот народ нема никаква информација што содржи истиот. Единствено се познати контурите кои ги спомена Заев, а тоа е бришење на учебниците и согласноста дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја. Што ќе се брише од учебниците по историја, дали Македонија во минатото имала своја сопствена историја и дали македонскиот јазик и официјално ќе биде признаен, останува енигма, изјави денеска пред МАНУ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Зоран Илиоски.Илиоски рече дека овие дилеми кои произлегуваат од нетранспарентноста на Зоран Заев го вознемирија македонскиот народ, вклучувајќи ги и членовите на ОМО Илинден кои жестоко реагираа заради тоа што биле заборавени и игнорирани од страна на Заев.
-Овие дилеми ги разбудија и духовите во Бугарија кои целосно го негираат постоењето на Македонија и македонскиот народ. Тие веќе го протолкуваа договорот како ставање крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС. Божидар Димитров, директор на Националниот Историски Институт од Бугарија вчера од Софија изјави дека ниту МАНУ не смее да има став за договорот, особено за две точки од кои едната е менување во учебниците по историја. Образложението на Димитров е дека академиците знаеле дека Заев ќе ги избрка од работа ако тргнат против него, па затоа наместо да ја бранеле државата и државните интереси си ги пазеле местата. Според Димитров во МАНУ седеле луѓе кои кога ќе им дадеш пари ќе се пишат Бугари, па затоа не ги коментираат, ниту пак имаат став по однос на договорот со Бугарија, рече Илиоски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата најостро ги осудува ваквите антимакедонски ставови. Ваквите настапи се понижувачки и мора да бидат осудени.
– МАНУ мора да реагира и да покаже дека не е приврзок на Заев. МАНУ мора да излезе со став и околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вака суштински прашања, отвора простор за нови напади и нови омаловажувања. На ваквите напади мора да реагира и Министерството за надворешни работи бидејќи во прашање е угледот на државата и на врвната научна институција. СДС најавуваше дебата по сите прашања, а сега целата јавност е сведок на нетранспарентност и затвореност за прашања кои длабоко задираат во историјата и идентитетот на Македонскиот народ. СДС нема ниту морално право, ниту мандат надвор од очите на јавноста, во четири очи да одлучува за вакви прашања, заклучи Илиоски.
Илиоски рече дека овие дилеми кои произлегуваат од нетранспарентноста на Зоран Заев го вознемирија македонскиот народ, вклучувајќи ги и членовите н