Мараја Кери има ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Сестра и ја уапсија поради…

Отуѓената сестра на Мараја Кери е уапсена за проституирање во Њујорк.Алисон Кери, поранешна проститутка, и ХИВ-позитивна, наводно се вратила на старите навики во петокот, кога е уапсена во акцијата во Согертис.
Според весникот Дејли Фримен, Алисон во текот на изминатата недела работела како проститутка во локален хотел и се рекламирала онлајн со секси видео реклама.
55-годишната Алисон е уапсена од страна на полицаец преправен во клиент, откако и понудил пари во замена за сексуални услуги и таа прифатила. При апсењето, Алисон се вадела дека е сестра на Мараја Кери, а полицијата го потврдила идентитетот.
Полицијата апелира кон сите оние кои имале секс со Алисон да направат тест за ХИВ.
Мараја се уште не излезе со коментар за апсењето на сестра и. Таа одамна е отуѓена од Алисон и од братот Морган, и не им одговори кога неодамна тие се обидуваа да стапат во контакт со неа, кажувајќи дека Алисон умира. Нејзе наводно и е потребна операција на мозокот и на ‘рбетниот столб, откако во 2012 година и е дијагностициран рак на црниот дроб.Алисон Кери, поранешна проститутка, и ХИВ-позитивна, наводно се вратила на старите навики во петокот, кога е уапсена во акцијата во Согертис.

Пронајдете не на следниве мрежи: