Маргарет Чан: Ширењето на еболата може да биде спречено

Маргарет Чан, која е генерален директор на СЗО, денеска изјави дека ширењето на епидемијата со еболата во западна Африка е вон контрола, но дека може да биде спречено.На состанокот во Конакри, на кој присуствуваа претседателите на Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, Чан изрази загриженост заради ширењето на таа смртоносна епидемија.
„Заразата се шири побрзо од нашите напори да ја контролираме. Ако ситуацијата продолжи да се влошува, последиците може да бидат катастрофални во смисла на изгубени животи, но и сериозно економско-социјално разорување и висок степен за ширeње во други држави“, изјави Чан.
Чан потсети дека се константни мутациите и адаптации на механизми за преживување на вирусот и другите микроби.
Таа спомна дека и населението е под висок ризик од зараза, но додаде дека на еболата не смее да ѝ се дозволи слободно да циркулира.На состанокот во Конакри, на кој присуствуваа претседателите на Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, Чан изрази загриженост заради ши

Пронајдете не на следниве мрежи: