Колумна на Тони Михајловски напишана за македонскиот Плејбој пред 2 години!Драг мој читателе, за овој број решив да ти откријам уште една своја тајна, која баш и не е тајна ама ете јас да ти ја кажам лично. Да не излезе дека си чул од други. Хм, кога ќе размислам не е ама баш никаква тајна. Јас во животот користам марихуана и дезодоранс. Знам, знам. Едното е забрането кај нас и за него не смее да се зборува а сите го користат, додека другото го има во секоја продавница ама ретко кој го користи. Марихуаната ја користам за јас да се чувствувам убаво, а дезодорансот за другите да се чувствуваат убаво. Во животот користете барем една од овие две работи. Иако и двете работи се подеднакво добри и благопријатни во сексуалниот живот.
Марихуаната ќе ти помогне полесно да се убедиш себе си дека Анџелина Џоли те моли да ѝ го дадеш, а дезодорансот ќе ти помогне да не те викаат Мишко Закопанов. Понекогаш се прашувам дали некои луѓе се навлечени на својата мишка или не ја чувствуваат. Се прашувам и дали наместо дезодоранс користат веѓета или им умрел некој под мишка. Човек ќе си помисли дека дезодоранс потешко се наоѓа од марихуана. Како за дезодоранс да треба да се криеш по темни улички, да се договараш во шифри и да се тресеш да не налета чичко Алф, а марихуаната како да ја има во секоја продавницка. Хе, хе, хе… Тоа воопшто и не звучи лошо. Тоа би било добра кампања.
Конечно во сите продавници!!! Пробајте го нашиот нов џоинт „24 часовен део актив протект”.Како и да е не е зезање. Мишка е опасна работа каде и да те нападне. Во дискотека или на концерт можеш да го нае*еш многу опасно ако ти се погоди нуклеарна мишка во близина. Сега нели не се пуши, па го нема никотинот да го ублажи дејството на мишката. Посебно ако Мишко Закопанов е разигран или ако пеачот каже „ ВИДАМ РАЦЕ ГОРЕ”. Те уби на место. Едно од поопасните места, каде што може да те убие мишка е градски автобус. Ако е закачена на шипката за стоење и отворена, тогаш ти се е*а мамата. Може и пилинг на лице да ти направи. Ќе ти паднат и веѓи и брада со сѐ митесери и бубулици. Имам видено како на една женска ѝ се топи шминката затоа што беше преблизу до отворена мишка. Може сериозно да ти се слоши ако не ти дојде станицата побргу или ако немаш место да се помрднеш. Опасна ситуација исто така кога некоја висока мишка сака да те гушне и ќе успее во тоа. Ти остава свој траг на рамото на кое си гушнат и тогаш си контаминиран. Тоа те удира појако од Мајк Тајсон, а башка и те следи. Марихуаната нема шанси да те нападне така сериозно, ниту пак да ти се слоши толку како што може тоа да ти се случи од мишка.
Повеќе на: ТЗМ.МК
Драг мој читателе, за овој број решив да ти откријам уште една своја тајна, која баш и не е тајна ама ете јас да ти ја