Марија добила пари за да ја изгуби невиноста. По неколку дена ја дочекало НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

Марија има 24 години и се отвора за своето незгодно искуство кое за малку скапо ќе ја чинело.Не можејќи да си најде соодветен партнер со кого би ја загубила невиноста, таа решила преку еден македонски огласник за интимни средби да се обиде да ја пронајде среќата и поставила оглас дека бара нежно и културно момче за врска, со кого би ја загубила невиноста.
Бројот на кандидати се зголемувал, а Марија имала полни раце работа додека одговарала на понудите.
Поминале неколку дена, а до неа стигнала понуда за која, како што вели самата, не можела да ја одбие. Понудата била непристојна: да ѝ се плати за губење на невиноста.
Еден 30-годишен маж понудил да ѝ плати 1.000 евра за да легне со неа за прв пат, а Марија се двоумела бидејќи парите ѝ требале за да може да плати барем дел од школувањето на помалиот брат.
„Времињата се тешки денес. Низ глава само ми поминуваше мислата дека токму тоа може да ме спаси од финансиските проблеми. Ние сме деца на разведени родители и на мајка ми ѝ е потешко да излегува на крај со сметките. Јас работам, но мојата плата не е доволно висока“ – вели таа.

Со оглед на тоа дека нејзиниот брат наскоро треба да се запише на факултет, Марија решила да ги остави чувствата настрана и ја зголемила тарифата.
Кога конечно остварила средба со мажот кој ѝ ги понудил парите, Марија решила да го зголеми износот и побарала 3.000 евра за чинот.
„На мое огромно изненадување, тој се согласи. Сѐ уште ми беше нејасно зошто тој одговара на вакви огласи, бидејќи е шармантен и убав. Никогаш не би помислила дека таков маж има проблем со самодовербата“ – додала таа.
Се договориле да се сретнат во хотел надвор од Скопје, а собата ја резервирал самиот тој.
Чинот бил направен, а на сметката на Марија по недела дена биле префрлени парите.
Таа не можела да поверува дека сѐ поминало толку глатко и без проблеми, сѐ додека еден ден не ѝ се јавил мажот со кого ја изгубила невиноста и ѝ рекол дека заработил дупло повеќе пари.
„Знаеш дека луѓето сакаат да гледаат секакви нешта. Па така, ним многу им се допадна нашата акција под чаршафите“ – ѝ рекол тој.
Марија ја дочекало страшно сознание дека тој во собата скришно поставил камера која цело време снимала додека тие воделе љубов.
Имено, тој разговарал со клиенти кои побарале уште еден филм во кој главната улога би ја имале токму тие двајца, но Марија одбила.
„Доволно ми беше срам што дознав дека сум насамарена. Но, имав среќа што беше разумен и не се обидуваше да ме уценува. Ми рече дека убаво си помина со мене и дека ако некогаш во иднина би посакала некоја таква слична авантура, слободно можам да му се јавам“ – вели таа.
Марија не поминала како поголем дел од девојките коишто на крај  се уценувани поради таквите домашни снимки и вели дека е среќна што успеала да се извлече.
На прашањето што понатаму, Марија одговори:
„Животот е борба. Од една страна, ова искуство ќе ме прогонува до крајот на животот. Од друга страна, му обезбедив средства на брат ми за да може да се запише да студира и да оствари шанси за подобра иднина. Јас немав прилика да го завршам факултетот и често наидувам на дискриминации поради тоа. Не сакам тој да помине низ истото. Тој е паметно и бистро момче, верувам дека ова на крај ќе се исплати за него“.
*Идентитетот на девојката е сокриен за да не се открие во јавностаНе можејќи да си најде соодветен партнер со кого би ја загубила невиноста, таа решила преку еден македонски огласник за интимни средби да се обиде

Пронајдете не на следниве мрежи: