За време на посетата на нејзиниот роден град Сочи во Русија , амбасадорот на брендот Porsche, Марија Шарапова го претстави нејзиното видување на исклучително спортскиот автомобили во луксузниот сегмент – Porsche Panamera GTS „од Марија Шарапова”.Оваа уникатна Panamera е одличен пример за трансформацијата на серискиот модел со дополнителни ексклузивни опции кои навистина го прават уникатно ремек-дело. Panamera GTS „од Марија Шарапова” прикажува еден многу личен поглед на дизајнот, посебен крој и ексклузивност – атрибути кои ја красат меѓународната тениска ѕвезда. “Креирањето и конфигурирањето на Porsche Panamera беше многу возбудлив потфат. Тоа ми ја отвора вратата кон еден сосема нов сензибилитет во дизајнот и ми дозволи да ја искажам мојата лична естетика. Јас не сум само врвен спортист, туку и дизајнер – со години дизајнирав колекции на луксузни додатоци, облека, дури и бонбони “, изјави Шарапова и додаде: „Никогаш не помислив дека на таа листа ќе додадам и автомобил – особено не Porsche. Toa e генијален спој на дизајнерскиот свет со автомобилската персонализација. ” Презентираниот модел се одликува со голем број опции од програмата Porsche Exclusive, кои го зголемуваат и онака широкиот спектар за конфигурирање и модифицирање на Porsche Panamera. Cо своите ексклузивни карактеристики ги исполнува сите желби на клиентите дури и повеќе од она што тие можат да го замислат. Секако моделот е целосно во согласност со сите барања на Porsche AG за квалитет и безбедност. Panamera GTS има бела боја; спортски, со висок сјај на надворешноста која се дополнува со LED светлата со новиот Porsche Dynamic Light System (PDLS+), затемнети LED задни светла , црн спортски издувен систем и 20 инчни Panamera спортски тркала во црна боја. Автомобилот Porsche Panamera „од Марија Шарапова” е опремен со кожа во внатрешноста со декоративни шевови во крем боја . Инструмент таблата е во боја на каросеријата, исто како и клучевите на возилото. На предните и на задните потпирачи за глава извезено е логото на Porsche, а на потпирачите за раце го има логото „Panamera GTS “. На прагот од карбонскте врати запишано е името на „Марија Шарапова”. Porsche Panamera GTS е опремен со 4,8 литарски V8 мотор со 440 КС ( 324 kW) при 6 700 вртежи во минута. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди, а максималната брзина изнесува 288 км / ч. Panamera GTS : потрошувачка во град 15,7 литри на 100 km; потрошувачка на отворен пат 7,8 литри на 100 km; комбинирана потрошувачка на гориво 10,7 литри на 100 km; CO2 емисија 249 g на km.Оваа уникатна Panamera е одличен пример за трансформацијата на серискиот модел со дополнителни ексклузивни опции кои навистина го прават уникатно р
Пронајдете не на следниве мрежи: