Членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ, синоќа во емисијата, кога коментираше за еден од натпреварувачите, рече дека Саво Перовиќ е „отпушок“ заради висината, а од тоа настана вистински хаос.Овој коментар на Марија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
„Дојди да си ги мериме. ПС. Длабоко размислувам новиот прекар да ми биде „Отпушок““, реагираше Саво на социјалните мрежи.
Овој повик на Перовиќ, Марија го процени како навреда и затоа така одговори на социјалните мрежи.
„Драг мал Саво… Се мислев да користам идентичен речник како и ти, но еве, ќе бидам „фина“. Да не бевме јас и Јелена Карлеуша во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, немаше да стигнеш ни до третиот круг. Тоа што си низок, односно отпушок (што многу често знам да го кажам и за себе), никогаш и никако не ти дава за право да ме повикаш да мериме било што, а ако дојде до тоа, верувај ми дека се кај мене е и подолго, и поголемо, и пошироко. Така што, нема потреба да се лечат фрустрациите на ваков начин од неколку причини… Прво, некултурно е, второ, заради таа количина на некултура кога ќе те видам ќе те згазам како бубашваба. И тоа ќе биде многу брзо! Верувај ми. Поздрав, Марија Шерифовиќ“, му порача пејачката.
Саво потоа се обиде да „ја спушти топката“ и да ги намали тензиите меѓу него и пејачката, но изгледа дека членката на жирито е сериозно навредена. Тој подоцна од својот профил ја тргна снимката на која се слуша како Марија го нарекува „отпушок“.Овој коментар на Марија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
„Дојди да си ги мериме. ПС. Длабоко размислувам новиот прекар