Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија „Танц со ѕвездите 2“

Маријана Димовска и Боби Трајковски го напуштија први натпреварувањето на  „Танц со ѕвездите 2″. Тие освоија вкупно 13 поени.Во емисијата викендов започнаа првите елиминации, а на врвот според поени се најде каратистката Наташа Мешковска и Даниел Кимовски сo 33 поени. Веднаш зад нив, со 30 поени се наоѓаат Димитар и Јована, но и Франц и Наде, кoи исто така имаат 30 поени
Со најмалку освоени поени, Маријана Димовска и Боби Трајковски во саботата први си заминаа од македонската верзија на најпознатото шоу во светот „Танц со ѕвездите”, кое кај нас е во целосна организација на „Дрим фактори” и МРТ.
Откако водителите Марјана Станојковска и Тони Михајловски ги соопштија резултатите, Маријана Димовска изјави дека и' е жал што го напушта шоуто, но ќе продолжи да ги следи на пробите и снимањата, а со Боби ќе продолжи да се гледа професионално, бидејќи сака да продолжи со танцот.
Воедно ве потсетуваме дека гласањето за новата емисија е отворено и ќе трае се до нејзиното снимање. Во продолжение погледнете го последниот танц на Маријана и Боби во „Танц со ѕвездите 2″ на МРТ1.Во емисијата викендов започнаа првите елиминации, а на врвот според поени се најде каратистката Наташа Мешковска и Даниел Кимовски сo 33 поени. Вед

Пронајдете не на следниве мрежи: