Марина го ВООДУШЕВИ Балканот со овој статус: Џабе ти се парите ако дома…

Во продолжение ви го пренесуваме статусот на младата Марина од Мостар, кој со брзина на светлината се прошири низ Балканот.Прочитајте што напишала таа:
„Што ако ве излажале дека од љубов не се живее? Мене мајка ми еднаш ми кажа дека од љубов се живее, а со пари се преживува и јас ѝ верувам. Затоа што никаде немам видено толку многу љубов колку што има во становите од 30 квадрати и болнички постелнини.
Што ако ве излажале дека љубовта со текот на времето ја снемува, дека еден ден ќе се смеете и ќе заборавите на неа? Ниту една наша млада рака не може цврсто да ја држи другата, онака како што можат да се држат две старечки раце. Што ако ве излажале дека треба да си најдете некој рамен на себе? Мене не успеаа да ме излажат, затоа што никогаш не сум видела таква борба, како во љубовите кои стрините и соседите ги осудуваа од прозорец. Како да тие се мерило на вашиот живот.
Што ако ве излажале дека љубовта мора да ја носи вашата нација и вера? Со мои очи сум видела дека најголеми љубови се оние меѓу припадници на две различни вери и религии. Тие се сакаат, затоа што се свесни од што сѐ се откажале за да бидат заедно. И да, далеку се од сите кои им свртеле грб, но се среќни.

Што ако ве излажале дека морате до 25? До 35? До 40, тоа е последната граница. Мене не успеаа, бидејќи никој ми нема така вистински и реално зборувано за љубовта како онаа која својата љубов ја пронајде на 50 години, а сега му трча во прегратка како да има 15.
Што ако вас сето ова време ве лажат? Што ако сето ова време пробуваат да ве убедат дека љубовта ја снемува кога на врата ќе затропа сиромаштијата. Немојте да им верувате, верувајте си само на себе. Држете ја својата љубов цврсто, со рацете, нозете, ноктите… бидејќи таа нема да престане, туку ќе се зацврсти…
Баш кога ќе дојдат децата, баш кога сиромаштијата ќе тропне на врата, баш кога ќе треба да го вратите кредитот, баш кога тој ќе биде болен… И можеби сите не се направени од љубов, но барем правете ги новите деца со љубов, или воопшто немојте ниту да ги правите.
Само не дозволувајте да ве лажат. Цело време други ви се мешаат во платата, школувањето, работата, здравјето, облеката, исхраната… но, својата љубов не ја давајте никому, бидејќи тоа е најмногу што можете да постигнете во животот.
Кој ја врти платата од десет илјади евра ако на крајот од денот влегуваш во празен стан со кеси од нова облека која нема кој да ја искине од тебе. И сите пари на овој свет, ако немаш со кој да ги поделиш, џабе ти се.
Затоа што од љубов се живее, од пари се преживува, и со пари се изживува!

Пронајдете не на следниве мрежи: