Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во КратовоНа митингот во Кратово се обратија и кандидатите за пратеници од Кратово меѓу кои и Марјанчо Колевски. Ви го пренесуваме неговиот говор.
– Цели две год Македонија е во тешка политичка криза која го парализираше целокупното македонско општество. Криза која го наруши спокојот на нашиот мирен и трудољубив народ. Криза која на кукавички начин ја предизвикаа Зоран Заев и Чадорот. Но, драги сограѓани се наближува денот, доаѓа 11 декември, ден на одлука кога сите заедно јасно и гласно ќе кажеме НЕ за двојазичност, НЕ за федерализација НЕ за премиер ставен од горе. На 11-ти декември ќе го затвориме чадорот.
Дали вие се сеќавате на една позитивна работа која ја направија СДСМ? Дали за некогаш ги зголемиле платите, пензиите, дали отвориле една фабрика, дали отвориле или реновирале училиште, болница? Освен намалување на пензиите, енормната невработеност, затворени фабрики сигурно не можете да се сетите на ништо друго.
ВМРО-ДПМНЕ му покажа на македонскиот народ како се работи како се остварува и исполнува ветеното и затоа пак ќе ја добиеме поддршката од народот и затоа ја стекнавме довербата кај народот. Уште само 8 дена ќе им кажеме збогум на сите оние кои ни ја наметнаа оваа криза.
Ние Кратовчани знаеме да процениме разлика, знаеме да разликуваме кој гради а кој уништува.
Претседателот на партијата Никола Груевски, заедно со неговиот успешен тим, ќе донесе уште многу странски инвеститори, ќе изгради и реновира уште болници, училишта, градинки, сали, ќе ги зголеми пензиите, платите, ќе има раст на минималната плата од година во година, овој тим ќе направи уште многу во следните 4 години, зошто овој тим тоа што го ветува го исполнува. Да покажеме како се сака Македонија и да освоиме 63 пратеници, изјави кандидатот за пратеник Марјанчо Колевски.
На митингот во Кратово се обратија и кандидатите за пратеници од Кратово меѓу кои и Марјанчо Колевски. Ви го пренесуваме неговиот говор.
–