Марка: АГИМ ИБРАИМИ КАКО МЕСИ!!!

Еден од најпрестижните медиуми во светот, шпанска „Марка“ го спореди нашиот „БИСЕР БАЛКАНСКИ“ со аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси.
Погодокот на Ибраими ја воодушеви спортската јавност ширум светот, па така и престижна „Марка“ беше дел од многуте медиуми кои го пренесоа подвигот на предводниот на нашата Национална Фудбалска Репрезентација, феноменалниот Агим Ибраими.

Според она што можевме да го преведеме, „Марка“ пишува „Агим Ибраими за момент се претвори во Лионел Меси“ (земете го ова со резерва), а во самото видео кое истиот медиум го постави на „Јутјуб“ пишува „Агим Ибраими го постигна најубавиот погодок за Македонија на мечот против Данска“.
Веста, односно видеото за Ибраими пренесена од „Марка“ можете да го погледнете ТУКА.
Во прилог, видеото кое беше поставено на официјалниот „Јутјуб“ канал на „Марка“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Еден од најпрестижните медиуми во светот, шпанска „Марка“ го спореди нашиот „БИСЕР БАЛКАНСКИ“ со аргентинската фудбалска ѕв

Пронајдете не на следниве мрежи: