Маркетите DM преку шопинг треската украдоа насмевки на лицата на граѓаните

Шопинг треската која ги зафати маркетите на DM  во Цитѕ Малл вчеравечер помина одлично и граѓаните излегуваа задоволни и со насмеани лица од DM  и City Mall. 
Пред крајот на Late night shopping авантурата организирана од најголемата дрогерија во Македонија, зборувавме со менаџерот на ланецот маркети DM за Македонија. 
1. Како сте задоволни од организацијата и одвивањето на Late night shopping во маркетите на DM во City Mall? 
– Мене ми е мило што сум дел од првото шопинг шоу во Скопје. Видов како тоа изгледа во Белград, сега сакам да викам како ќе биде во Скопје и сето тоа да го споредам. City Mall е полн со луѓе кои сакаат да бидат дел од ова шоу и да купат производи на попуст. Приметувам дека ќесите на потрошувачите се полни, како и касите, што навистина ме радува. 
2. Како сте задоволни од досегашната работа на маркетите DM  во земјава?
– DM се отвори во Скопје во мај минатата година, што на овој пазар е веќе година дена. Доста сме задоволни од потрошувачката која ја имаме во оваа цела година и од интересот на граѓаните за нашите производи. Заинтересираноста расте, а очекуваме дека покрај Скопје во иднина ќе отвориме продавници на DM и во други градови во Македонија, а покрај тоа ќе отвориме и уште неколку нови продавници на нови локации во главниот град. 
3. Во колку земји во светот може да се најдат продавниците на DM?
– Дрогериите на DM може да се најдат во 12 земји во светот. Вкупно имаме 2.800 отворени продавници низ Европа, а првата е отворена во Греманија во градот Карлс Руел. Наскоро ќе прославиме 40 години од постоењето на DM маркетите, а за две години ќе прославиме и друг јубилеј, тоа е отворање на 3.000 продавници на DM низ Европа. Ова е најголемиот ланец на дрогерии во Европа.
Менаџерот на маркетите на DM ги повика сите граѓани кои сакаат да ги пробаат различните дрогериски производи, приватни брендирани производи како и преку 20 различни приватни производи, за најразлична употреба, од нега на тело и лице до домаѓински препарати, да ги посетат маркетите на DM  и да се уверат во квалитетот на производите. Шопинг треската која ги зафати маркетите на DM  во Цитѕ Малл вчеравечер помина одлично и граѓаните излегуваа задо

Пронајдете не на следниве мрежи: