Се чини дека екипите на Рома и ПСЖ се блиску до договор околу трансферот на 19-годишниот Маркињо.
Наводно ПСЖ е блиску до ангажман на младиот и талентиран фудбалер на Рома, пренесува „Месагеро“.
Младиот бразилец минатото лето дојде во Рим од екипата на Коринтианс и веќе во првата сезона во Серија А остави фантастичен впечаток па е цел на големи фудбалски гиганти од калибарот на Барселона и ПСЖ.
Се чинеше дека Барселона е прв фаворит за неговиот трансфер, но сега во игра за неговиот потпис влезе и француски ПСЖ.
„Месагеро“ пренесува дека Рома ја одбила првата понуда вредна 25 милиони евра за Маркињо но би била спремна да прифати 30 милиони евра за овој фудбалер.Се чини дека екипите на Рома и ПСЖ се блиску до договор околу трансферот на 19-годишниот Маркињо.