Фудбалерот на Јувентус, Маркисио, не крие дека има желба да заигра во германската Бундес Лига.
Клаудио Маркисио се смета за играч кој е иднината на Јувентус, а многумина го окарактеризираа како фудбалер кој ќе ја наследи капитенската лента од Џанлуиџи Буфон.
Иако тврди дека е среќен во клубот за кој во моментов настапува, Маркисио не крие дека го привлекува германската Бундеслига.
„Не би ми сметало да се обидам во друга лига, иако Јувентус ми е приоритет. Кога би бирал каде да продолжам доколку го напуштам Јувентус, мислам дека тоа би била Бундеслигата, пред Премиер Лигата. Го сакам германскиот фудбал, нивните стадиони се секогаш исполнети до последното место“ изјави Маркисио.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фудбалерот на Јувентус, Маркисио, не крие дека има желба да заигра во германската Бундес Лига.