MarkO, паметниот асистент за комплетирање на обврските на CodeWell, ја доби својата прва инвестиција и ќе биде дел од четвртата по ред “Web & Mobile” програма на еден од најдобрите европски стартап акцелератори – RockStart, Амстердам.MarkO заедно со уште 9 стартапи (Cocoon, Deskbookers, Klets, KOLLEKT.FM, Live On Demand, Packpin, RutaPro, TabTrader, Undeveloped) успеа да ги освои симпатиите на тимот на RockStart и нивните ментори и да биде дел од оваа програма за која се бореа повеќе од 600 апликанти, од повеќе од 60 земји.
Тимот на MarkO ќе престојува 150 дена во Амстердам, Холандија каде што ќе биде поддржан од група од над 80 интернационални ментори. Целта на оваа соработка е со помош на акцелераторот MarkO да созрее и прерасне во една од најдобрите светски апликации за продуктивност. По завршувањето на програмата, сите 10 стартапи ќе го презентираат својот бизнис пред 300 инвеститори, ментори и медиуми на Demo денот, организиран во просториите на RockStart. Ова ќе биде одлична можност за тимот на MarkO да се здобие со дополнителни инвестиции и бизнис можности, што би довеле до уште поголем успех на продуктот.
„Патот до успехот е тежок, но ние веќе ги направивме првите чекори и продолжуваме понатаму со голем ентизијазам. Она што е највозбудливо за нас е можноста да работиме во една интернационална околина, опкружени со најдобрите консултанти и ментори кои ќе помогнат не само во развојот на MarkO, туку и во развојот на нашиот тим.“ – велат од CodeWell.
Повеќе за годинешната програма на RockStart акцелераторот можете да прочитате на: https://www.rockstart.com/blog/introducing-10-startups-rockstart-accelerators-class-2015/.MarkO заедно со уште 9 стартапи (Cocoon, Deskbookers, Klets, KOLLEKT.FM, Live On Demand, Packpin, RutaPro, TabTrader, Undeveloped) успеа да ги осво