Марко Марковиќ е Microsoft office specialist на Македонија

Марко Марковиќ, за 18 минути и 25 секунди освои 1000 поени полагајќи PowerPoint 2013 тест. Во натпреварот Марко се вклучува пред еден месец кога прв пат го полага тестот и се квалификува за финалето.Ученик е во Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, Скопје во втора година со интерес да го избере Природно математичкиот смер во наредната година. 
Негов ментор е Професорот по информатичка технологија и програмски јазици Жаклина Прекиќ која заедно со уште двајца професори од гимназијата подготвиле 80 ученици за тестирањето, од кои во финалето беа квалификувани 10тина ученици.
Марко накратко изјави дека е многу возбуден што ја освои титулата и се надева дека успешно ќе ја претставува Македонија на светското финале во Америка. Најголема благодарност Марко изразува за менторот и за семејството со чија поддршка стигна до финалето.
Првиот Национален натревар воопшто не би бил реализиран без поддршката од страна на Microsoft  Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос Едукација.
 Ученик е во Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, Скопје во втора година со интерес да го избере Природно математичкиот смер во наредната

Пронајдете не на следниве мрежи: