Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски смета дека граѓаните на Република Македонија во голем број имаат доверба во Јавното обвинителство и тоа и во ЈО за организиран криминал и во основните јавни обвинителства и Јавното обвинителство на Република Македонија.Прашан зошто Јавното обвинителство има мала доверба кај граѓаните, нагласи дека не му е познато како и на кој начин се цени довербата во Обвинителството, преку кои параметри и врз основа на која статистика.
– Во Јавното обвинителство на годишно ниво има преку 15 илјади кривични пријави, а бројот на успешноста на поднесените обвиненија е преку 93 отсто, додека бројот на жалбите на предметите е многу помал. Ако жалбите ги споредите со бројот на поднесени обвиненија имате параметар за доверба, изјави Зврлевски на паузата наденешната конференција „Ефективна борба против корупција на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, во организација на Програмата на УСАИД за антикорупција и Македонскиот центар за меѓународна соработка.
На обвинувањето дека долги години во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција имаше спрега која создаваше сомнеж за корупција, бидејќи шефот на УБК Сашо Мијалков и шефот на Одделението за организиран криминал Јован Илиевски беа роднини, Зврлевски посочи дека ова Обвинителсво има многу поголем стаж во борбата против корупцијата и организираниот криминал и е создадено многу пред тие двајца да бидат на функциите.
– Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција е основано во 2004 година и неговите успеси беа многу пред во него да биде јавниот обвинител Јован Илиевски и многу пред појавувањето на Сашо Мијалков во таа обвинителство. За сите евентуални настани каде што се појавувал или понатаму би се појавувал во пријавите Сашо Мијалков јавниот обвинител Јован Илиевски е изземен од постапувањето, рече Зврлевски.
Во врска со аферата Маџар Телеком, Зврлевски посочи дека тоа е предмет кој е отворен во 2008 година од Обвинителството, а потоа по пријава на Министерството за внатрешни работи отворена е истрага и веднаш е остварена соработка со американскиот обвинител и службите ФБИ и Комисијата за хартии од вредност и до 2011 година се води постапка за тој предмет.
– Во 2011 година имаме актуелно обвинение за се што е прибрано како доказ во тој предмет. Обвинението е на сила и не може да застари за лицата кои се опфатени во тој предмет. Тој предмет е започнат многу поодамна и е во фаза на судење, прецизира Зврлевски.
Тој посочи дека јавните обвинителства кои постапуваат по предметите кои се побарани од СЈО ги почитуваат законите и согласно тоа се обраќаат до Советот на јавни обвинители да одлучи за законитоста на постапувањето во смисла на барањето на повеќе предмети. – Одлуката е на Советот и тој треба да постапи по тоа, потенцира Зврлевски.
Појасни дека Јавното обвинителство пред секои избори организира посебен начин на следење изборите, а во текот на изборите организира посебни дежурства со специјално определени обвинители и служба која ги следи сите индиции и укажувања, како и околности кои укажуваат на сторено кривично дело поврзано со изборите.
– Сега пред предвремените парламентарни избори е формирана Комисија која ќе биде централизирана, односно раководена од Јавното обвинителство на РМ, јавни обвинители од подрачните обвинителства и ОЈО Скопје. Целта е сите заинтересирани луѓе кои сметаат дека се сторени или ќе бидат сторени дејствија во смисол на нерегуларности да ги пријават на меил адреса која наскоро ќе биде објавена за да бидат поефикасно гонети евентуално сторени изборни нерегуларности, прецизира Зврлевски.
Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додаде, постапи по барањето на СЈО и целокупниот предмет Барање за заштита на законитост го достави на СЈО кое воспостави надлежност на тој предмет. Целокупната надлежност за тој предмет ги има СЈО, а ние веќе немаме никаква надлежност по тој предмет.
Во врска со информацијата дека некој заштитен сведок за некој крупен судски пороцес во Македонија бил ликвидиран во странство, рече дека нема никаква информација. – Доколку има некоја таква информација должност му е да го запознае надлежниот јавен обвинител за да може да постапи, посочи Зврлевски.
Потенцира дека до ОЈО Скопје се доставени пријави од повеќе лица до СЈО за кои се постапува, како и за сите други пријави но со посебно внимание имајќи го во предвид карактерот на пријавените лица.
– Од она што ни е познато знам само дека се доставени покани до лицата и во моментов не ми е познато што понатаму се случува, рече Зврлевски.Прашан зошто Јавното обвинителство има мала доверба кај граѓаните, нагласи дека не му е познато како и на кој начин се цени довербата во Обвинителс