Скандалозните одлуки на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски не запираат, напротив земаат се поголем интензитет. Како технички министер во министерство во кое се спроведуваат одлуки за најранливите категории во општеството, таа одлучува да носи политички одлуки, да кочи проекти и реализација на мерки.И до сега пишувавме за политичкото дејствување на Ременски во рамки на МТСП, па на јавноста не и се непознати овие нејзини постапки. Најновиот скандал кој го потресе ова министерство на сметка на лицата со инвалидитет е закочувањето на проектот за Рефундирање на средствата платени како данок и царински давачки за набавка на возило за лица со најмалку 80% инвалидитет на долните екстремитети, како и за потполно слепи лица со придружник и за потполна глуви лица.
Имено, од 4 јули па до 30 септември годинава лицата со инвалидност во центрите за социјални работи аплицираа за новиот владин проект преку кој имаа можност да добијат поддршка за набавка на автомобили.
Секое лице кое припаѓа на некои од наведените категории или пак родител или старател можеше да поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа кое треба да биде разгледано од комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил
На лицата со:
– најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети
– потполно слепите лица и глуви лица и
– лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост
Со проектот е предвидено да им бидат рефундирани средства до 180.000 денари платени за царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Цел на проектот е овозможување полесна мобилност на лицата со инвалидност и вклученост во заедницата.
Комисија која е во рамки на МТСП до ден денес не одлучила по однос на поднесените апликации, а апликантите воопшто немаат повратна информација за доставените барања.
Предвидено беше рефундирање средства за 50 автомобили, а приоритет ќе имаат лицата со инвалидност кои што имаат пониски приходи, оние кои активно бараат работа или пак во семејството имаат повеќе лица со инвалидност.
За реализација на овој проект Министерството за труд и социјална политика од буџетот изводи 9.000.000 денари.
Претседателот на Сојузот на глуви и наглуви лица во Македонија, Васко Марков вели дека законот е направен во комуникација со лицата со инвалидитет, па истиот одговара целосно на нивните потреби и барања. Не му е јасно, додава, зошто техничката министерка Ременски одлучува да го стопира реализирањето на оваа мерка.
Во Македонија, вели има околу 6.000 глуви лица кои се навистина заинтересирани и веќе имаат поднесено апликации, но не им се одобрени и воопшто нема никаков одговор.
-Навистина ни требаат овие возила. Доколку имате лица со инвалидност во семејството , возилото ќе им помогне многу. Ве замолувам ова да се спроведе бидејќи ни е многу потребно. Глувите м кажуваат дека сите документи кои што се барани според Законот ги доставуваат меѓутоа кочницата е во Комисијата.
Семејство Малинови Кавадарци имаат ќерка инвалид, кои аплицирале за проектот и повратно немаат одговор.
-На телевизија слушнавме дека ќе се повратат средства доколку се купи автомобил. Мене ми е за неа. До сега немаме никаков одговор. Колата ја купивме, сите документи ги поднесовме во рокот кој беше предвиден, вели Малинова.
Граѓаните се изреволнирани од ваквите одлуки на Ременски, велат дека не смеат политички одлуки да се носат на сметка на отежнување на животот на лицата со инвалидитет. Бараат да се спроведе законот и да не се отежнува животот на луѓето кои веќе имаат потешкотии.И до сега пишувавме за политичкото дејствување на Ременски во рамки на МТСП, па на јавноста не и се непознати овие нејзини постапки. Најновиот скан