Марлон Брандо со нова песна и спот за „Патувам“

Македонскиот бенд Марлон Брандо ја промовираа својата четврта песна „Патувам“. Музиката и текстот на синглот е на Марко Соколовски, а аранжманот е на Димитар Маневски. Комплетниот видео запис е дело на продукцијата Дидако.„Темата на оваа балада е со силни емоции и јасна порака до сите нас, со надеж за подобро утре, за свет без војни. Сакаме нашата публика да е со позитивни мисли, да размислуваат за иднината, да живееме во свет каде ќе владее мирот“, вели фронтменот Кирил Трајковски на Марлон Брандо.
Пратечките вокали за песната ги испеа Елена Милошева. Во спотот, покрај Кирил, главната улога ја има и текстописецот Марко Соколовски кој отпатува за Париз да го сними видеото.

Марлон Брандо е состав кој до сега сними три сингла и видео записи за „Ех да можам“, „На планина“ и „Слободен уметник“.
Изминатата година земаа учество на повеќе фестивали во Македонија.
Во продолжение можете да ги погледнете и видеозаписот:
„Темата на оваа балада е со силни емоции и јасна порака до сите нас, со надеж за подобро утре, за свет без војни. Сакаме нашата публика да е

Пронајдете не на следниве мрежи: