Марш на гневот во главниот град на Египет

Насилствата во Каиро продолжуваат, а маршот на гневот кој се одржа в Каиро однесе околу 70 жртви, меѓу кои 15 се припадници на безбедносните сили, јавуваат светските медиуми. Властите ги повикаа граѓаните да го почитуваат полицискиот час, кој стапи на сила во 20 часот. Муслиманското братство, пак ги повика поддржувачите вечерва да се соберат на 28 локации во Каиро и да тргнат на зеднички марш кон Плоштадот Рамзес.
Судирите се шират и во Александрија, каде загинаа пет лица, а 15 се повредени. Државната телевизија во Египет објави дека најважните згради во главниот град се чувани од страна на војската откако демонстрантите запалија зграда на локалната власт во Гиза. 
Демонстрантите ги пишуваат имињата и телефонските броеви на семејството по рацете, во случај ако бидат убиени во немирите, полесно да бидат идентификувани и информирани нивните најблиски. Ројтерс, наведувајќи очевидци, јави дека телата на 13 лица убиени во судирите во центарот на Каиро, биле внесени во локална џамија.
Поддржувачите на Муслиманското братство скокаа од мостот „6 Октомври“ со цел да избегнат директен судир со војската. Светските медиуми јавуваат дека земјата полека но сигурно се движи кон граѓанска војна.Властите ги повикаа граѓаните да го почитуваат полицискиот час, кој стапи на сила во 20 часот. Муслиманското братство, пак ги повика поддржувачите

Пронајдете не на следниве мрежи: