Марш на „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка

Loading...

Отфрлање на тиранската платформа и зачувување на единствена, унитарна Македонија и вечерва побараа граѓаните на Крива Паланка од маршот за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.Граѓаните маршираа од поранешен Далфис, низ старата градска шаршија, долж главната улица Свети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот до зградата на локалната самоуправа.
– Му порачуваме на Села дека нашата Македонија ваква каква ни ја оставиле предците е татковина на сите кои живеат тука и сите имаат едно име, Македонци, без оглед на тоа од каде доаѓаат. Нека знае дека државата ќе ја браниме и одбраниме заради нашите деца, рече Ангелина Ѓошева од Организацијата на жени.
Протестот заврши со собир на плоштадот Карпошово востание од каде беше порачано дека маршот продолжува до отфрлање на тиранската платформа.Граѓаните маршираа од поранешен Далфис, низ старата градска шаршија, долж главната улица Свети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот до зграда

loading...