Премиерлигашот Сандерленд, по поразот на тимот од Манчестер Јунајтед, реши да го отпушти менаџерот Мартин О’Нил. Сандерленд по саботниот пораз од Јунајтед (0:1) падна на 16-то место на табелата, со само бод повеќе од тимовите кои се наоѓаат во опасната зона и до крајот на сезоната му претстои грчевите борба за опстанок. Популарните „црни мачки“ се наоѓаат во исклучително лоша серија на резултати, на последните осум натпревари имаат освоено само три бода. „Сандерленд му се заблагодарува на соработката на менаџерот О’Нил, му посакуваме сé најдобро во иднина. Во наредните денови ќе го објавиме името на неговиот наследник“, соопшти клубот. О’Нил во Снадерленд пристигна во декември 2011 година, во кариерата 61-годишниот тренер работел во Лестер, Селтик и Астон Вила.
МакфаксПремиерлигашот Сандерленд, по поразот на тимот од Манчестер Јунајтед, реши да го отпушти менаџерот Мартин О’Нил.