Мартин Вучиќ: „Читам и се чудам – сите се воодушевени од Даниел Кајмакоски и паѓаат во транс“

Нашиот претставник на Х – Фактор, Даниел Кајмакоски е најредовна тема на разговор деновиве во Македонија, па и на Балканот. За него и Мартин Вучиќ посвети статус на Фејсбук, во кој напиша:- „Читам и се чудам – сите се воодушевени од Даниел Кајмакоски и паѓаат во транс. Се е тоа во ред, да не бидам погрешно сфатен. Дечкото пее стварно ооодлично, изгледа добро, а богами има и харизма. Само едно не можам да сфатам. Истиот тој Даниел беше присутен на „Охридски фестивал“ во 2009 година (ако не грешам) со песната „Нежна ко принцеза“.
И тогаш Даниел изгледаше добро и пееше супер, а да бидам искрен и песната што ја изведе таму беше добра. Истиот тој Даниел не го примети тогаш никој, односно не му даде место на оваа „естрада“, а неговата песна на „Јутјуб“ има, за жал, не повеќе од 2000 гледаност.

 
Се прашувам до кога ние нашите артисти нема да ги приметуваме, односно ќе чекаме некој надвор од границите на нашава земја да ги признае за истите да бидат величани и од нас. Патетично е сето тоа…
Сакам да му посакам успех во натамошната кариера, која се надевам нема да ја гради тука во Македонија, туку на големи сцени ширум светот, без оглед дали ќе победи или не на „Икс-фактор“.
Само напред друже, што е твое ќе си дојде„- „Читам и се чудам – сите се воодушевени од Даниел Кајмакоски и паѓаат во транс. Се е тоа во ред, да не бидам погрешно сфатен. Дечкото

Пронајдете не на следниве мрежи: