Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираат децата во рамките на проектот што го организираат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“ во соработка со „Еуролинк осигурување“. Во споменатиот период ќе биде изведена театарската претстава „Веселата училница“, наменета за деца од предучилишна и рана школска возраст, а инспирирана од постојаниот страв на децата од започнување на училиштето.Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Струмица (24 април), Гевгелија (25 април), Кавадарци (16 април), Велес (30 мај), Куманово (31 мај). Проектот завршува со изведба на „Веселата училница“ во Скопје, на 7 јуни, во Македонската опера и балет. Во сите градови претставата започнува во 12.00 часот.
Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителот, учениците и Маша и Медо, децата од најрана возраст да се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.
Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на проектот, поставува и забавен едукативен караван во вид на училишен двор, во кој децата, заедно со полжавчето „Доми“ од осигурителниот продукт „Доми Комплет“, ќе можат да се дружат и активно да учествуваат во низа интерактивни игри и да освојат награда. Особено интересна е играта „Не лути се Доми“ каде што децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра „Не лути се човече“. Училишниот двор се поставува од 11.00 до 14.00 часот во секој град каде ќе се одржуваат претставите.
Цената на влезниците е од 150 денари која вклучува подарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.
Издавачката куќа „Култура“ оваа претстава ја подржува како дел од целата промотивна кампања за едицијата „Маша и Медо“ која брои 5 боенки, 8 сликовници и 2 интерактивни сликовници на македонски и албански јазик, за која ги има авторските права за Македонија. „Изданијата особено се популарни кај македонската публика. Светскиот успех ја покажува силата и потенцијалот на Маша и Медо. Приказните се издвојуваат како нешто оригинално и иновативно и едновремено и ги забавуваат и ги едуцираат децата за вредноста на вистинското пријателство, грижата, слободата и креативноста на еден забавен и ненаметлив начин. Публиката насекаде во светот позитивно реагира на тоа, што создава многу силна платформа за лиценцирање“, изјави Ана Ќовкарова, директор на ИК „Култура“.
Со промотивното прикажување во 2009-та година, „Маша и Медо“ за брзо време стана една од најпопуларните анимирани серии за деца во Русија, а денес се прикажува во над 100 земји во целиот свет. Освен серијата, под лиценцата Маша и Медо се и книги со приказни, боенки, брендирани играчки, ранци и училишен прибор, украси, друштвени игри и акцесоари.Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Струмица (24 април), Гевгелија (25 април), Кавадарци (16