Одел од врата на врата и пукал во луѓето!Во јужна Луизијана вооружен напаѓач одел од врата на врата и пукал во луѓето кои во тоа време се затекнале на неговиот пат.
До сега три лица им подлегнале на повредите, а повеќе лица се хоспитализирани во болницата. По извршениот напад вооруженото лице си пресудило и себе си.Цел на нападот биле неговата сопруга, нејзините родители, како и началникот на болницата каде работел.
Нападот се одвивал на четири локации на околу 60 километри југозападно од Њу Орлеанс.
Осомничениот Бен Фриман (38) го нападнал брачниот пар Гоујо, со чија ќерка некогаш бил во брак, која исто така е повредена за време на нападот. Таткото и ќерката го преживеале нападот а мајката веднаш по застрелувањето им подлегнала на повредите.
Дваесет минути подоцна, застрелан е и убиен началникот на болницата „Света Ана“ Милтон Буржоа, во својата куќа. Неговата жена исто така била застрелана во нога, но сега е во стабилна здравствена состојба.
Фриман бил вработен во болницата, каде работел како медицински брат. Неговата жена Денис исто така пронајдена е мртва.
Подоцна е пронајдено и телото на Фриман, за кого надлежните констатирале дека самиот си пресудил.
Истрагата се уште не го утврдила мотивот за нападот на Фриман.Во јужна Луизијана вооружен напаѓач одел од врата на врата и пукал во луѓето кои во тоа време се затекнале на неговиот пат.
До сега т