Масакр во Париз: Како се одвиваше нападот и што се случуваше?

Во нападите во Париз загинаа најмалку 129 лица, повеќе од 350 се повредени, а 99 се наоѓаат во критична состојба. Франција прогласи тридневна жалост, а францускиот претседател Франсоа Оланд отворено ѝ објави војна на Исламската држава.Што е познато, а што непознато за трагичната кобна ноќ во Париз? Со ова прашање со позанимава Би-Би-Си.
Одговорноста за нападите ги презеде ИСИС, која тврди дека причините за нападите се француските акции против таа организација во Сирија. Грчките официјални лица потврдија дека две лица поврзани со нападите биле регистрирани во октомври во Грција како мигранти.
Во Белгија се уапсени три лица поради поврзаност со нападот, а апсењата следувале откако билo потврдено дека пукотниците во Париз, започнале од автомобил со белгиски регистарски ознаки. Првиот идентификуван бомбаш самоубиец во терористичките напади во Париз е Омар Исмаил Мостефаи, познат на француската полиција како ситен криминалец.
Кај друг напаѓач беше пронајден египетски пасош, но постојат силни индиции дека станува збор за фалсификувани документи.
Анонимните лажни јавувања за подметнати бомби во Париз станаа рутина, а петокот започна со дојава за бомба во хотел каде беа сместени германските фудбалери, а потоа и на една железничка станица во Париз.
Ова е најсмртоносниот напад во Европа од 2004 година, кога во трагедијата што се случи во Мадрид загинаа 191 лица, а ранети беа 1.800. Информации за нападите и понатаму пристигнуваат.
Според официјалните информации, 129 луѓе се убиени. Нападите се извршени на шест локации во Париз, а седум напаѓачи се убиени. Според информациите, сите тие се разнеле со експлозив. Првиот од вкупно шесте напади, се случил околу 21:20 часот.

Ова се локациите на кои скоро истовремено се одвиваа смртоносните напади:
Во барот „Le Carillon“, во делот каде има многу жив ноќен живот – напаѓачот околу 21:20 часот излегол од возило и отворил оган, по што се оддалечил од местото.
Во популарниот ресторан „La Petite Cambodge“ – вториот напаѓач отворил оган од возило во движење, при што се убиени десетина луѓе.
Во пицеријата „La Casa Nostra“ – напаѓачот излегол од возилото и пукал врз луѓето кои вечерале.
Во близина на фудбалскиот стадион „Stade De France“ на северот на Париз – извршен самоубиствен напад.
Во улицата Шарон  – нападот во кафулето „La Belle Equipe”, кој го извршиле двајца од напаѓачите, траел три минути, напаѓачите успеале да побегнат.
Во концертната сала „Bataclan “во 11. арондисман – четворица од напаѓачите упаднале на концертот, земале заложници, а потоа убиле 89 луѓе. Не е познат бројот на повредени или убиени полицајци.
Најмалку четворица полицајци се загинати. Француските аналитичари сметаат дека станува збор за терористи кои живееле во Франција.
Меѓу убиените има државјани на Романија, Белгија и Шведска. Убиени се и две млади сестри од Тунис, кои живееле во гратчето Крезо.
Според соопштението на португалски власти, во нападите загинал и еден 63­годишен Португалец кој живеел во Париз и работел во јавниот транспорт. Убиен е и еден 29­-годишен Шпанец, кој присуствувал на концертот во Батаклан, соопштија шпанските власти.
Франција воведе вонредна состојба и ги затвори границите. Во Франција во тек е најопсежната акција во историјата на француската полиција, во која учествуваат 30.000 полицајци.Што е познато, а што непознато за трагичната кобна ноќ во Париз? Со ова прашање со позанимава

Пронајдете не на следниве мрежи: