Македонскиот народ долго го очекувал слободарскиот ден. Револуционерите од кичевскиот крај несебично се приклучувале во одбрана на татковината во текот на Втората светска војна, давајќи го својот придонес кон партизанското движење во борбата против фашистичкиот окупатор за ослободување и државноста на Македонија.На почетокот на Втората светска војна голем дел од месното население на кичевските села учествувале во изградбата на железничката пруга Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Дебарца-Охрид, теснолинејката, која фашистичкиот непријател ја искористил повеќепати во текот на војната.
Во исто време, особено по формирањето на месниот комитет на КПМ за Кичево и Кичевско, пругата ја користеле и партизаните против окупаторот. На 13 јуни 1941 година во село Кленоец почнува да дејствува група на младински активисти која подоцна се поврзува со ЦК на КПМ за Кичево и Кичевско и со Кузман Јосифовски Питу со кого контактирала неколкупати. Како резултат на овие средби, на 16 декември 1941 година во селото Кленоец е формирана првата селска партиска организација во кичевско, која дејствувала како реонска партиска организација.
Во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.
Во текот на војната, која продолжила со засилен интензитет, со одлуките на Преспанското советување, започнале подготовките за одржување на АСНОМ. И покрај капитулацијата на Италија на 18 август 1943 година, вооружените пресметки со балистите продолжиле за одбрана на Кичево како прв ослободен град во Македонија, ослободено на 11 септември 1943 година и за одбрана на Кичевскиот регион како прва слободна територија во Македонија, во којашто била воспоставена народна власт.
Иако на планинскиот превој Буковиќ била поставена одбрана на слободната територија, на 1 и 2 октомври 1943 година била пробиена одбранбената линија, поради што било донесено решение да се организира одбрана кај селото Кленоец. Командант за одбрана на Кленоеец бил комесарот Јосиф Јосифовски Свештарот, заедно со Мите Трпоски и Трајан Балев.
Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. Епопејата почнала рано наутро на 6 октомври 1943 година, борбите биле жестоки и траеле се’ до вечерта, кога дошло до мало затишје. Тоа овозможило одбранбената линија на Кленоец да биде пробиена, за време на борбите биле заробени тринаесет партизани од одредот Славеј кои останале без муниција и како лесен плен на балистите еден по еден биле убиени.

ртизанскиот отпор бил скршен, а балистите го искористиле моментот и на сите страни посеале страв вршејќи ѕверства врз месното население, селото Кленоец го запалиле. Крваво завршила Кленоечката битка, комесарот на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија. Храброста и непокорот остануваат симбол на оваа бтика, Кленоец ги слави жртвите и се сеќава на јунаштвата. Крвта која ги полила ливадите и горите околу Кленоец и денес потсетува колку е скапа слободата.
Преживеаните кажуваат дека за одбрана на Кленоец доброволно била пријавена албанска партизанска чета, која од Командата на Македонската војска била приклучена на одбранбената линија. Борбата покажала дека тоа не биле партизани, туку балисти преоблечени во униформи на партизаните. Вечерта извршиле масакар во селото врз Македонците партизани од првата и вторта чета на Првата Македонска ударна народно-ослободителна бригада. Речиси стотина Македонци партизани и мештани биле убиени со истрели во тил и заклани. Главата на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот била отсечена и набиена на кол до селската црква сред село..На почетокот на Втората светска војна голем дел од месното население на кичевските села учествувале во изградбата на железничката пруга Скопје-Тето