Масажа со мед против целулит

Сите знаеме за ефикасноста на медот и придобивките кои ги има нашето тело со неговата консумација. Но, покрај фактот што медот е составен дел од нашата исхрана, овој производ се користи и како лек, па дури и во козметиката. Освен проблематична кожа, медот помага и за вечниот проблем на жените- “кожата од портокал”. Се што ви треба е малку мед и да започнете ефикасна терапија против овој непријател на женското тело.
Голема предност на терапијата со мед е тоа што може да ја користат жени на различна возраст, кои страдаат од “портокаловата кожа”. Освен како ефикасно средство против целулит, масажата со мед делува и како фактор за подмладување на кожата.
Како се спроведува? За да направите медена масажа во домашни услови потребно е за почеток да ги покриете проблематичните делови со тенок слој на мед. Бидејки тоа најчесто се колковите и задникот, за нив е доволно околу 2 лажички мед.
 
Откако сте го намачкале телото, ставете ги рацете врз кожата покриена со мед (важно е рацете ви да се чисти и суви) и одлепувајте го медот со дланките. Првите неколку одлепувања ќе бидат беспрекорни, но со секое наредно отпорот ќе се зголемува. Покрај лесната болка која се чувствува за време на масажата, овој метод е исклучително ефикасен. При лепењето на рацете со кожата се создава вакуум, па на тој начин се разбива целулитот, а истовремено со тоа се подобрува и циркулацијата.
Постапката продолжува се додека медот кој останува на рацете не добие бела боја и сето тоа не би требало да трае повеќе од 10 минути.
Откако ќе завршите, телото се мие и се нанесува антицелулитен или хидратантен лосион. Појавата на мали модринки е можна, но не смее да биде преголема, иако тие поминуваат за неколку дена.
Медната масажа се применува секој втор ден за околу еден месец, а за ефектот може да се каже дека е видлив уште по втората постапка.
Кажете му збогум на целулитот со овие вежбиСите знаеме за ефикасноста на медот и придобивките кои ги има нашето тело со неговата консумација.

Пронајдете не на следниве мрежи: