Машиновозач се фалел на Фејсбук дека вози 200 на час

Еден од машиновозачите на шпанскиот воз се фалел дека вози 200 на час.Еден од машиновозачите на шпанскиот воз  кој поради голема брзина однесе во смрт најмалку 80 лица, минатата година се фалел на Фејсбук дека вози над 200 на час.  Станува збор за Франциско Хозе Гарзон.
Притоа, Франциско Хозе Гарзон, еден од машиновозачите, минатата година закачил фотографија на една социјална мрежа со која се фали дека го вози возот со 200 на час. Со фотографијата напишал: „Колку би било забавно да прелеташ покрај полицијата и нивните радари кои би се расипале. Ха ха!„
 
Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, со која, како што се верува, во кривина влегол со околу 200 километри на час, додека пропишаната брзина на тој дел изнесува 80 километри на час.
 
Поради оваа несреќа прогласена е тридневна жалост во Шпанија. До несреќата дошло кога возот со 218 патници и четири членови на персоналот , излетал од шините кај градот Сантјаго де Компостела и удрил во ѕид, при што четири вагони се превртеа, а во еден изби пожар.
 
Според последните информации, еден од возачите е задржан во притвор, но не е нагласено дека станува збор за Гарзон: “Судијата нареди возачот да биде испрашан од страна на полицијата, кој моментално е под официјална истрага, во болницата каде што е задржан”.
Извор: mkd-news.com
 Еден од машиновозачите на шпанскиот воз  кој поради голема брзина однесе во смрт најмалку 80 лица, минатата годин

Пронајдете не на следниве мрежи: