Оваа маска е нешто што ќе ви го промени животот. Секоја состојка од оваа маска има свое специфично и насочено дејство.Маската делува освежувачки и ја остава кожата неверојатно мека и мазна.
По лечење на акни, на лицето често остануваат траги во вид на темни дамки, а понекогаш и белези- доколку тоа ви се случило, оваа маска е спас за вас! Доколку имате неизедначен или проблематичн тен, флеките или дамките на лице како последица од акни, кожа без сјај и полна со ситни брчки, направете ја оваа маска и користете ја редовно.
Ова е една од најделотворните природни маски за лице која ќе ги избледи дамките и белезите, ќе го иседначи тенот, ќе ви даде маза, „испеглана“ и помека кожа.
Состојки:
½ лажичка цимет
½ лажичка мускатно оревче
1 лажичка мед
1 лажичка свеж сок од лимон
Зошто овие состојки делуваат
Цимет
Циметот се користи веќе илјадници години поради своите силни анти-габични и анти-вирусни својства. Има антимикробно дејство, го намалува ризикот од заболувања предизвикани од бактерии. Содржи низа силни антиоксидативни својства и помага во спречување на прерано уништување на здравите клетки во телото и на кожата.
Мускатно оревче
Мускатното оревче делува анти-воспалително и ќе помогне побрзо да исчезнат белезите од акните. Се користи уште од древните времиња за многу кожни болести. Оревчето е богато со В витамини, витамин С, фолна киселина, витамин А и многу антиоксиданси како што е бета-каротенот и криптоксантин.
Мед
Медот има антибактериско и анти-габично својство и помага при дезинфекција и го забрзува процесот на заздравување на акните. Полн е со антиоксиданси кои ќе ви помогнат да ја испеглате кожата и да го вратите сјајот.
Сок од лимон
Лимонот е полн со витамин С, го гради колагенот во кожата кој е неопходен за цврста и подмладена кожа. Лимонот ќе ги ублажи и осветли белезите и темните дамки и ќе им даде прекрасен светол тоен на кожата.
Подготовка:
Изчешајте ги сите состојки во паста
нанесете на лицето избегнувајќи ја зоната околу очите и устата. Нека стои 30 минути… или барем 10 минути доколку не можете да го издржите пецкањето.
Измијте го лицето со топла вода и нанесете ја вашата вообичаена крема.Маската делува освежувачки и ја остава кожата неверојатно мека и мазна.
По лечење на акни, на лицето често остануваат траги во вид на темни



