сабота, 28 ноември 2026
Најново

Машката ракометна репрезентација некомплетна ги почнува подготовките

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот во пресрет на дуелите од последните две квалификациски кола за Европското првенство во Хрватска 2018. Македонија на 15.јуни ќе гостува кај Украина, а три дена подоцна е домаќин на Чешка.На стартот од подготовките ќе ги нема нашите интернационалци кои играат за Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, како и играчите од Бундес лигата Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Миркуловски. Од обврските до понеделник ќе биде ослободен и Столе Стоилов, поради настапите на Вардар, а тогаш се очекува и комплетирањето на селекцијата. Нивните места овие три дена ќе бидат пополнети со играчи од младинската селекција, која ќе настапи на СП во Алжир.
– Јас сакам да имам време за да ја подготвам екипата, но и овојпат нема многу време. Но, така е за сите. Треба максимално да се искористи времето. Првите тренинзи ќе бидат со помладите. За Украина знаеме дека е опасна селекција, впрочем сите во групата победуваат дома. Треба да најдеме против игра за нивната игра, изјави селекторот на Македонија Раул Гонзалез.
Раул истакна има и некои повредени играчи, но јасната слика ќе ја има на вечерниот тренинг.На стартот од подготовките ќе ги нема нашите интернационалци кои играат за Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, како и играчите од Бундес лиг

Поврзани вести