Машки изговори за НЕ користење на кондом!

Не постои маж, кој барем еднаш во својот живот одбил да користи заштита поради некој бесмислен изговор. Такви изговори има многу, еве некои од нив:1. Помало задоволство – Ова дефинитивно е првиот изговор со кој сакаат да се извлечат, но со оглед на тоа што денес кондомите се сè потенки, едноставно не држи вода.
2. Не може да ја најде вистинската големина – Кој не пробал, никогаш нема да знае во случајов е најдобриот контра аргумент.
3. Пробува да заштеди – Ако нема пари за кондом, а има за пиво, тогаш ниту едно објаснување не вреди.
4. Не знае како да го најде „вистинскиот“ кондом – Барем денес постојат брдо информации кои може да се најдат на интернет со само еден клик.
5. Мисли дека го прекинува во најубавиот момент – Неколку секунди, колку што трае ставањето на кондомот, не може да ја убие страста.

6. Секогаш внимавал со кого имал секс – Можеби најглупавиот можен изговор. Што значи тоа? Дека до сега спиел само со девици? Сериозно има девојки кои ќе поверуваат во оваа приказна?
7. Добро се познава со девојките кој е интимен – Ако тоа е причината со која ќе се штитите од болести, тогаш 90% од инфекциите немаше да постојат.
8. Нема кондом – Во овој случај, голема е веројатноста дека нема да има ни секс.
9. Премногу е пијан – Незаштитен пијан секс? Звучи примамливо? Или не…
10. Сигурен е дека девојката е „чиста“ и ѝ верува – А кој ја прашува девојката што мисли?1. Помало задоволство – Ова дефинитивно е првиот изговор со кој сакаат да се извлечат, но со оглед на тоа што де

Пронајдете не на следниве мрежи: