Целулитот особено оној кој се наоѓа на задникот, стомакот, колковите и бутовите – знае да биде грозен и фрустрирачки за секоја жена. На пазарот постојат многу анти-целулитни препарати кои успешно се борат против кожата налик на портокал, но тие не само што се секогаш скапи, туку најголемиот дел од нив се состојат од есенцијални масла од разни тревки.
Затоа ние ви го предложуваме маслото од рузмарин како домашен лек против непријателот број 1 за жените- целулитот. Есенцијалното масло од рузмарин, кој можете да го купите по речиси сите аптеки е диуретик кој помага во исфрлање на вишокот на вода во телото. Познато е дека ја зголемува циркулацијата на крвта и го забрзува метаболизмот.
Бидејќи целулитот е резултат на насобрани масти и течности заробени во кожата, нивното исфрлање е најважно.
За најдобри резултати, пред масирање најпрвин малку загрејте го маслото, бидејќи топлината ги отвара порите, па активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата. Потоа со кружни движења масирајте ги деловите зафатени со целулит барем еднаш во денот.