Маслото од канабис oд Македонија со врвен квалитет и пониска цена

Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели за лечење на четири болести и затоа во старт во NYSK ќе се произведуваат четири вида масла при што соодносот на концентрацијата на ТХЦ и на ЦБД (канабидиол) ќе биде различна.Првите количини масло од канабис произведени во Македонија од наградувани специјалисти за екстракција, холдингот NYSK, може да се очекуваат во ноември. Холдингот NYSK веќе вложи 1,8 милион долари и изгради модерна фабрика на површина од 2.000 квадратни метри во која е применета врвна технологија и иновативен пристап како во одгледувањето на канабисот, така во преработка, екстракција на цветот од канабисот во масло.
Производите од масло од канабис ќе бидат за извоз за што компанијата веќе води преговори со компании од околните и европските земји, но исто така ќе се понудат и на корисниците на домашниот пазар како и со цел за спроведување на клинички испитувања во Македонија. Од NYSK најавуваат дека корисниците ќе добијат многу квалитетни производи и истите ќе бидат поевтини од оние производи кои во моментов се наоѓаат на домашниот пазар. Притоа, фабриката има доволен капацитет со своето производство да ги задоволи потребите на домашниот пазар.
„Многу сме среќни што можеме да работиме со надлежните институции со цел да создадеме поквалитетна понуда за потребите на пазарот за што со нас носиме напредно знаење, значително искуство и експерти во оваа област од Колорадо и други делови од САД. Исто така, би сакале да ги поканиме членовите на администрација да ги посетат нашите објекти во САД“, изјавија од компанијата.
Во новата фабриката под будна контрола на вработените и под посебен режим веќе се одгледуваат растенијата и според проценките на експертите кои се грижат за целиот процес, квалитетот на канабисот е исклучителен. Одгледувањето е организирано во неколку делови, според степенот на развој на растението, а целиот процес на одгледување, кој подразбира посебно ниво на влага, светлина и работа на системот капка по капка со кој се наводнуваат растенијата, е  целосно автоматизиран.
Маслото од канабис кое ќе се најде на домашниот пазар, според одговорните од NYSK, ќе има висока концентрација на психотропната супстанција ТХЦ (тетрахидроканабинола) која се наоѓа во канабисот и која има најголемо влијание во лечењето на некои тешки болести. Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели во лечење на четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија. Токму затоа во старт во NYSK ќе се произведуваат четири вида масла при што соодносот на концентрацијата на ТХЦ и на ЦБД (канабидиол) ќе биде различна.
 Првите количини масло од канабис произведени во Македонија од наградувани специјалисти за екстракција, холдингот NYSK, може да се очекуваат во ноем

Пронајдете не на следниве мрежи: